КАФЕ ПАУЗА

15 неверојатни факти за Кока-кола

15 неверојатни факти за Кока Кола

Овој иконскиот американски бренд е препознатлив низ целиот свет и се продава во повеќе од 200 земји. Во просек, над 10.000 пијалаци од Кока-кола се консумираат секоја секунда од секој ден. Можеби веќе ви се познати брендовите како Спрајт и Фанта, но еве неколку факти за Кока-колата кои веројатно не сте ги знаеле досега.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn1. Овој пијалак бил измислен од фармацевтот Џон С. Пембертон од Атланта во 1886-та година. Името го измислил неговиот сметководител, Френк Робинсон, кој исто така убаво знаел да црта и пишува. Тој го создал и уникатниот дизајн кој до ден денес се користи како официјалното лого на Кока-кола.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn2. Кога Кока-колата првпат влегла во продажниот сектор, била продавана како тоник за нерви кој „ја лечел исцрпноста“. Оваа реклама била издадена во 1886 година.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn3. Можеби сте ја слушнале оваа приказна порано, но доколку досега не сте знаеле, таа е целосно вистинита: Првите продукти на Кока-кола содржеле кокаин, но само околу 9 милиграми по чаша. Дрогата во тој период се користела како замена за алкохолот и се мислело дека лечи зависност од опиум. Кокаинот бил отстранет од пијалакот во 1903-тата година.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn4. Од 57 милијарди видови пијалаци кои дневно се консумираат во светот (со исклучок на водата), само 3% (1.9 милијарди) се пијалаци кои се лиценцирани и ѝ припаѓаат на Кока-кола. Сепак, таа е најдистрибуираниот производ на планетата.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn5. Само во две земји во светот не се продава Кока-кола: Куба и Северна Кореја.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn6. Оваа компанија прави толку многу различни пијалаци, што ако пиете еден на ден, би ви биле потребни 9 години за да ги испробате сите. Тие имаат портфолио со преку 3.500 пијалаци (и 500 брендови), вклучувајќи сокови, енергетски пијалаци и пијалаци базирани врз соја.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn7. Ако секоја капка Кока-кола некогаш произведена би била ставена во шишиња од 240 милилитри кои би биле поставени во висина едно врз друго, тие би стигнале до месечината и назад повеќе од 2.000 пати.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn8. Кока-кола поседува 20 брендови кои генерираат повеќе од 1 милијарда долари годишно во продажба.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn9. Брендот Кока-кола вреди приближно 83,8 милијарди долари. Тоа е повеќе од вредноста на Сабвеј, Пепси, Кеј-еф-си и Будвајзер заедно.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn10. Од компанијата тврдат дека името „Кока-кола“ е вториот збор кој најмногу се разбира во светот, веднаш после „ОК“.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn11. Мексиканците консумираат најмногу Кока-кола во светот, тие пијат околу 745 пијалаци годишно. Американците, пак, консумираат 401 продукт од Кока-кола, на годишно ниво.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn12. Оваа компанија верува дека го измислила концептот на купонот. Тие дистрибуирале купони во доцната 1886 година и веруваат дека тоа било причината што пијалакот се проширил од малата популација на Атланта до секоја држава на САД во рок од само 4 години. Помеѓу 1886-та и 1914-та, секое 10-то шише било дадено бесплатно.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn13. Кока-кола е „виновна“ за имиџот и сликата која денес ја имаме за Дедо Мраз. Оваа компанија ја започнала својата божиќна рекламна кампања во 1920-тата година за да ја зголеми продажбата на пијалакот во зимските месеци. Компанијата користела повеќе слики, но ниедна не се покажала толку популарна како илустрацијата на Хадон Сандблом, кој нацртал весел Дедо Мраз во црвено палто. Илустрацијата се засновала на поемата „Посета од Св. Никола“ од Клемент Мур и неговото скандинавско потекло. Поранешните верзии на Дедо Мраз биле најразлични, од слаб до дебел Дедо Мраз, кој носел облека или во зелена или во кафеава боја.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn14. Во 1985 година, Кока-кола бил првиот пијалак кој бил испратен во вселената.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn15. Од компанијата изјавуваат дека совршената температура за да се сервира и консумира пијалакот е од 1 до 3 степени Целзиусови.rnrn15 неверојатни факти за Кока Кола