Факт е дека даваме отчет за сѐ што правиме. Дали на момчињата или на мајките, ние секогаш даваме отчет за нешто. Без разлика што сме вработени со убави плати, независни и се грижиме сами за себе, како да има некое универзално и непишано правило според кое жената е должна постојано некому да одговара. Иако повеќе не сме во 19-ти век каде што жената нема никакви права, сепак традицијата сѐ уште има свое влијание. Оваа листа ќе ве потсети дека без разлика колку животот станува комплициран, сепак не смееме да заборавиме да се ставиме себеси на прво место.rnrn
rn
1. Да носиме костим за капење каков што сакаме
rnБез разлика дали сме јаболко, круша или некоја друга форма, имаме апсолутно право да носиме таков костим за капење каков што сакаме. И никој, ама баш никој нема право да ни противречи.rn
2. Да имаме пријатели кои ќе ни го чуваат грбот
rnДури и оние кои се со километри далеку, но сепак се тука кога ни се потребни. Заслужуваме да имаме пријател на кој секогаш можеме да му се обратиме. Макар само за кафе и трач-муабет.rn
3. Да имаме хоби
rnПоседувањето хоби не само што ни го исполнува животот, туку на некој начин и му дава смисла. Пеење, помагање на беспомошните или кој било друг вид хоби е дефинитивно нешто кое треба да го правиме.rn
4. Да лежиме во цветна леа
rnБарем еднаш во животот.rnrn
rn
5. Да имаме прекрасен работен месец/семестар
rnГо заслужуваме тоа поради сите глупости што ги трпиме. Нервозни и комплексирани колеги и професори, малку време и мрза. Доволно е барем еден месец да тече сѐ како подмачкано.rn
6. Да имаме животен придружник
rnНе мора да значи дека тоа треба да биде човек. Може да биде и маче и куче, или кое било друго животно. Човекот е социјално суштество на кое му е потребно да искажува и да чувствува љубов. Но љубовта не мора секогаш да биде кон друга личност. Таа може да биде и кон животно, а таа љубов е неверојатно чиста.rn
7. Да посакуваме секс исто колку и мажите
rnКако што мажите имаат право да посакуваат секс во секое време на секое место, така и ние го имаме истото право. Нема ништо срамотно во посакувањето секс. Жената не треба да му биде потчинета на мажот, туку тие треба да бидат еднакви. Особено во поглед на сексот.rnrn
rn
8. Да имаме малку простор и време за себеси
rnДоволно колку да се исклучиме, добро да размислиме и да се вратиме со решени проблеми.rn
9. Да го пронајдеме совршениот фустан за таа една прилика
rnСите знаеме колку е ова важно и колку може да влијае врз првичниот впечаток.rn
10. Да се фалиме на Фејсбук без да ни судат
rnЗа дипломирањето, за новото момче или за новиот пар високи потпетици. За што било, битно да се пофалиме и да си го направиме меракот.rn
11. Барем еден ден да немаме мрсна коса и изгребан лак
rnСите. Буквално сите имаме вакво право. Сѐ да биде совршено на нас еден ден. Ако не цел, барем неколку часа.rnrn
rn
12. Да играме цела ноќ сѐ додека не го здогледаме сонцето
rnДа бидеме толку уморни што таква идеја нема да ни падне на памет сѐ до следниот месец.rn
13. Да имаме изглед онаков како што ние сакаме
rnСите имаме право да избереме дали ќе бидеме женствени или со помашкудански стил. И никој нема право да ни го одземе тоа.rn
14. Да ја носиме таа комбинација којашто сакаме
rnПа нормално дека смееме да ја носиме кога сме потрошиле половина плата на секое парче и половина живот во нејзиното комбинирање.rn
15. Одлична профилна фотографија или фотографија на Инстаграм
rnНајмалку една. Пожелно е повеќе, но и со една нема да се пожалиме.rnrn