Денес сте решени дека нема никакви шанси да пиете вино. Едноставно не ви се пие. Но, ајде, ќе се напиете една чаша за да му го истерате меракот на пријателот.rn
1. „Ќе се напијам само една чаша.“
rnИмавте долг ден, но нема да го оставите пријателот сам да пие. Ќе му правите друштво само со една чаша. Тоа е добро и за вашата макробиотичка диета.rn
2. „Ох, ова е домашно црвено и е одлично.“
rnОд вчера немате пиено вино, а ова е толку добро. Но, вие ќе пиете само една чаша. Само една, запомнете!rn
3. „Сè уште планирам да пијам само една чаша.“
rnПрекрасни сте и сè уште ги држите работите под контрола.rn
4. „Време е да си ја отворам душата.“
rnИмате милион размислувања и сега е моментот да ги споделите. Но, пред сè…rn
5. „Ќе се напијам уште една чаша.“
rnПа, главното јадење сè уште не пристигнало, ви треба нешто да се напиете.rn
6. „Можеби треба да нарачаме шише.“
rnСепак ќе биде поевтино, па дури и да не го испиете.rn
7. „Лелеее, многу сум секси!“
rnСе прашувате кој сè има тука, тажно е вашиот сексапил да го однесете дома.rn
8. „Чекајте, сега сум тажна.“
rnОва беше тежок период, сè ви се насобра, едноставно ви треба да се исплачете.rn
9. „Изморена сум.“
rnЕдинствено што сакате во моментов е кревет! Зошто вашата пријателка толку многу зборува? Па веќе ја имате слушнато приказнава.rn
10. „Сакам благо!“
rnИ нема да го делите. „Може уште вино?“rn
11. „Што збориш, го испивме шишето?“
rnПа, денес не требаше ниту да пиете.rn
12. „За многу работи во животот се каам.“
rnИ шишето вино е едно од нив.rn
13. „Не знам како ќе станам и ќе си отидам од овде.“
rnМорате! Креветот ве чека. Престанете да се лигавите!rn
14. „Дефинитивно нема да пијам цела недела“
rnДа, ќе пиете само вода со лимон.rn
25. По 24 часа…
rnАх, може да се напиете една чаша.
Само една!

