14 неверојатни кралски тијари и приказните зад нив

Сподели

rn

Реклама

8. Тијарата Флор де лис

rnОваа тијара е од колекцијата на кралицата Викторија од Шпанија. Ја добила како свадбен подарок од нејзиниот сопруг во 1906-та година. Тијарата е изработена од платина и огромни дијаманти. Кралицата ја земала тијарата со неа за време на нејзиниот егзил, а откако бил вратен тронот тијарата ја добила принцезата Софија, сопругата на кралот Хуан Карлос.rn

9. Тијарата на принцезата Мако

rnЈапонската принцеза Мако почнала да посетува формални настани на 20-годишна возраст и тогаш ја добила тијарата за оваа прилика. Направена е за неа од јапонската фирма Wako. Кога ќе се венча за нејзиното момче, тијарата ќе се чува во кралскиот сеф. Поради овој брак, таа ќе ја изгуби нејзината титула.rn

10. Дијамантската тијара на кралицата Алија од Јордан

rnКралицата ја добила оваа тијара како подарок од нејзиниот сопруг. Тијарата е посебна поради нејзиниот модерен дизајн. Интересно е што ова кралско семејство нема колекција од круни, а тијарите се пренесуваат од мајка на ќерка. Во 1977-ма година кралицата загина во хеликоптерска несреќа и тијарата ја наследи нејзината ќерка, принцезата Хаја.rn

11. Тијарата со рубини

rnОваа тијара декорирана со црвени рубини е дел од колекцијата на грчкото кралско семејство со децении и прво ѝ припаѓала на кралицата Олга од Хелените. Денес најчесто ја носи кралицата Ана Марија.rn

12. Римско грчка тијара

rnОваа тијара била направена за британско германската принцеза, која била идна Романов војвотка, околу 1905-та година. Таа била присилена да ја напушти државата за време на револуцијата. Во 1921-ва година тијарата ја купила кралицата Мери од Романија како подарок за нејзината снаа, принцезата Хелена од Грција. Тијарата ја наследила принцезата Ана која ја вратила во Романија во 1993-та година.rn

13. Античка бисерна тијара

rnХоландското кралско семејство е горд колекционер на скапоцености, но оваа тијара е одбрана за кралицата Максима. Бил дизајнирана во 1900-тата година, а дијамантите датираат од 17-тиот век.rn

14. Тијарата на кралицата од Малезија

rnКруната што моментално ја носи кралицата од Малезија е дијадема направена од платина и дијаманти во 1984-та година. Судбината на оваа тијара е интересна бидејќи новиот крал се избира на секои 5 години, па таа не останува во едно семејство.

Погледнете ја и колекцијата круни на британското кралско семејство.

Најново

Може ќе ве интересира