14 модерни работи кои постоеле долго пред нас

Сподели

Малку е познат фактот дека некои „модерни“ пронајдоци постоеле пред стотици, па и илјадници години. Па, тврдењето дека нашите предци биле примитивни и не е баш точно. Погледнете ги овие изуми и пронајдоци кои се многу постари отколку што мислиме.rn

Реклама

1. Протези и пластична хирургија, 3000-та година пред наша ера

rnПрвите обиди за средување на физичките недостатоци датираат од најраната историја, и многу од нив биле успешни. Еден ваков артефакт е протетичкиот палец кој не само што го подобрувал изгледот на стапалото, туку бил и многу ефективен. Друг артефакт потекнува од древна Индија, околу 800-тата година пред нашата ера. Луѓето од овој период ја менувале формата на носот користејќи кожа од челото или образите.rn

2. Канализација, 2600-та година пред наша ера

rnНајстариот систем за канализација потекнува од цивилизацијата од Индиската долина. Во овој период постоеле јавни тоалети и градска канализација. Одводниот систем им бил познат и на луѓето во древен Вавилон, во некои кинески градови, како и во Рим. Канализацијата во Рим бил огромен инженерски проект познат како „Cloaca Maxima“, или Најголемата канализација, и постои до ден денес.rn

3. Батерии, 2500-та година пред наша ера

rnБагдадската батерија е керамички сад кој содржи бакарна цевка во која има железна прачка. Репликите на овие батерии успешно создаваат мала волтажа. Можеби на древните Вавилонци им бил познат методот на галванизација за кој се користеле овие садови, но некои скептици сметаат дека садовите биле користени за чување свитоци.rn

4. Огнено оружје, 420-та година пред наша ера

rnПрототипот за ова оружје прв пат бил употребен во битката на Делиум. Древното огнено оружје, или „Грчки оган“ се состоело од бакарна цевка преку која се исфрлала запалива течност.rn

5. Будилник, 400-та година пред наша ера

rnГрчкиот филозоф Платон користел воден часовник што емитувал звучен сигнал за да го потсети дека е време да почне со своите предавања. „Водните“ будилници биле користени и во древен Рим и во Средниот Исток. Механичките часовници кои можеле да емитуваат звук во одредено време прв пат се појавиле во Кина во 8-от век од нашата ера, а пристигнале во Европа во 14-от век.rn

6. Роботи, 323-та година пред наша ера

rnПрототипот на модерниот робот се женски фигури кои биле поставени на светилник на островот Фарос. Во одредени временски интервали, фигурите се вртеле и ги удирале ѕвоната. Навечер правеле гласни звуци за да ги предупредат морепловците за оддалеченоста на копното. Многу подоцна, во 17-от и 18-от век, машините наречени автоматони станале популарни во западна Европа. Тие биле со механизми на часовник и изгледале како луѓе или животни, и можеле да изведуваат разни работи.rn

7. Автоматски врати, 1-ви век

rnВо древна Грција биле познати автоматските врати кои биле поставувани на храмовите. Во тоа време вратите биле „управувани“ од најстариот прототип на парен мотор. Под олтарот се палел оган, под кој имало цевки со вода. Пареата активирала механизам кој бил поврзан со вратата. Овој метод создавал илузија на магија која била користена само од свештениците.

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира