Духовните луѓе веруваат во универзални закони што им откриваат свет со бесконечни можности, и неретко живеат во целосна согласност со нив. Затоа тие имаат исполнет живот, постојано се среќни и добро расположени и живеат во хармонија со природата. Токму затоа и сакаме да ве поттикнеме да заборавите на момент на оние „човечки“ закони чија единствена цел е да ве ограничат, да ве држат под контрола и да се обидете што повеќе да ги применувате овие правила и насоки препорачани од ведските учења.rnrn
rn
1. Закон на карма
rnЦелата е да се одржи согласност и рамнотежа. Кармата се создава со своите намери, мисли, емоции, зборови и дела. Со цел да живеете урамнотежен живот, мора да сте во единство со својат карма.rn
2. Закон на мудрост
rnДа се биде мудар значи да се искористи патењето во овој живот за спознавање на самиот себеси. Мудроста е спознавањето на тоа што можеме и мораме да го промениме и она што едноставно не можеме да го промениме.rn
3. Закон на развој
rnМудроста се стекнува со духовен развој – мора да се издигнеме над своите емоции и егото со цел да се развиеме во насока на душата.rn
4. Закон на вибрациска енергија
rnСите ние сме енергија што без прекин се движи и дух што живее во телото чија енергија не умира. Ништо во универзумот не е постојано, сè се менува.rn
5. Закон на единство
rnСите ние сме делови од поголема целина.rn
6. Закон на љубов
rnЉубовта е одговор на сè, таа мора да биде безусловна, бидејќи на тој начин ве исцелува и вас, но и другите.rn
7. Закон на благодарност
rnВажен дел од човековиот раст и развој е благодарност за сите оние нешта што ги имате, без разлика колку мало и незначајно ви делуваат.rn
8. Закон на став
rnТреба да бидете способни да управувате со своите реакции, односно со својот став – цврсто стојте до своите верувања, но исто така бидете отворени и за други перспективи.rn
9. Закон на прифаќање
rnПрифаќањето носи согласност, а отпорот произлегува од стравот. Човекот често станува тоа на што му дава отпор – па доколку сакате да напредувате, прифатете ги работите што не можете да ги смените.rn
10. Закон на двојност
rnВо универзумот делуваат две сили – јин и јанг (во ведските учења се нарекуваат шива и шакти), односно машката и женската енергија. Мора да постои рамнотежа меѓу нив.rn
11. Закон на тројство
rnТело, ум и дух! За да се чувствувате исполнети, морате да ги прифатите овие три дела од себе, подеднакво, и да создадете рамнотежа меѓу нив.rn
12. Закон на привлекување
rnГо привлекувате тоа што сте, никогаш не заборавајте го тоа! Доброто се привлекува со добрина, љубовта се привлекува со љубење…rn
13. Закон на судбина
rnСите животни искуства ни носат по некоја поука, што по пат ја усвојуваме. Сите ние имаме своја судбина, и најпрво треба да ја пронајдеме, а потоа да ја оствариме така што ќе ги користиме лекциите што дотогаш сме ги научиле.rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие 12 универзални, но урнебесни закони за секојдневниот живот.