rn
7. Хали Бери – „Икс-мен – последното упориште“
rn
rnrnБременоста за време на снимањето на филмот била вистинско изненадување за Хали Бери бидејќи нејзината хероина Сторм не можела да се појави бремена. Режисерот, Брајан Сингер, сторил сè што можел за да го скрие овој факт од гледачите: улогата на Сторм се намалила, нејзиниот костум бил сменет, а во борбените сцени, актерката била заменета со двојник.rn
8. Кејт Бланшет – „Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп“
rn
rnrnКејт Бланшет е навистина уникатна актерка. Таа дознала за нејзината прва бременост откако ѝ била понудена улогата во „Шарлот Греј“, додека пак, за нејзината втора бременост дознала за време на снимањето на филмот „Life Aquatic“ со Стив Зису. Но, тука не е крајот – дека нејзиното трето дете е на пат дознала кога била на снимање на филмот „Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп“, каде што конечно морала да игра негативец.rnrnОваа посветена филмска ѕвезда успеала да се справи со сите нејзини тешки акробации и никогаш не употребила двојник за нејзините улоги.rn
9. Пенелопе Круз – „Пирати од Карибите: на чудни плими“
rn
rnrnВо четвртиот филм за капетанот Џек Спароу, Пенелопе Круз морала да се појави во раните фази на бременоста. Иако нејзиниот стомак сè уште било невозможно да се забележи, снимателите морале да направат повеќе прилагодувања за да сокријат какви било знаци дека актерката е бремена.rnrnИ покрај фактот дека ликовите морале да поминат многу време на отворено море, актерката успешно ги надминала сите опасности во првото тромесечје од бременоста.rn
10. Наоми Вотс – „Источни ветувања“
rn
rnrnИ покрај фактот дека Наоми дознала за нејзината бременост веднаш по почетокот на снимањето, како и многу жени, и таа решила да не кажува никому за ова, затоа што штотуку забременила. Само дизајнерот на костумите си претпоставил дека е бремена кога забележал дека облеката на нејзиниот лик не ѝ одговара повеќе.rn
11. Џоди Фостер – „Панична соба“
rn
rnrnЏоди Фостер не планирала да учествува во овој трилер, но откако заминала Никол Кидман, таа се согласила да ја доврши улогата. За време на снимањето, таа открила дека го очекува своето второ дете. Ова не ја спречило добро да ја одигра улогата и, според неа, тоа само ја направило посилна. Сите сцени каде таа морала да носи тесни маици и да ги направи сите тешки акробации биле снимени во раните фази од бременоста.rn
12. Кира Најтли – „Еверест“
rn
rnrnДека има бебе било откриено во јавноста случајно, откако Кира објавила фотографија со количка за бебиња. Кога била бремена, таа работела на филмот „Еверест“ каде ја играла улогата на бремена сопруга на алпинист. Но, фактот дека е бремена не го знаеле ниту членовите на филмската екипа.rn
13. Гал Гадот – „Чудесна жена“
rn
rnrnГал внимателно ја криела бременоста од филмската екипа и ги направила сите акробации самостојно. Но, се разбира, за време на постпродукцијата (неколку месеци по завршувањето со работата на филмот, од актерите се барало да реконструираат некои од сцените) – тогаш бременоста станала очигледна. Ѕвездата морала да носи посебен модел на костим со зелена боја околу стомакот, со цел тимот да може да го отстрани стомакот во постпродукцијата.rnrnДали знаевте дека овие актерки биле бремени кога ги гледавте овие филмови?rnrnМожеби сакате да прочитате и за 10-те најубави славни жени на светот за 2019-та година: Овие актерки владеат на топ листите за убавина.
