КАФЕ ПАУЗА

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети

Пред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...

Written by

in

Наоѓањето добра книга за читање понекогаш може да биде многу тешко. Но, еве една листа од предлози кои веруваме дека ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.rn

The Book Seer

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnПостете ја веб-локацијата Book Seer и врз основа на тоа која книга ја имате претходно прочитано, ќе ви даде предлози базирани на слични автори и книги.rn

Goodreads

rn2-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_rnrnНа Goodreads можете да се поврзете со милиони фанови на книжевноста од целиот свет. На овој сајт можете да видите кои книги се највисоко оценети, кои имаат најдобри критики и така да направите соодветен избор.rn

Нобеловци

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnАко се двоумите, секогаш одберете некој автор-нобеловец, како Жан Пол Сартр, Алберт Ками или други познати писатели. Еве ја и официјалната листа на сите нобеловци во литературата.rn

Листа на најдобри книги

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnУште еден добар начин е да ја разгледате листата со 100 најдобри дела. Таму сигурно ќе најдете нешто вредно за читање.rn

WhichBook

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnWhichBook е сајт кој ќе ви даде листа со препорачани книги врз основа на вашите потреби и афинитети.rn

Одбегнувајте ги бестселерите

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnОва можеби звучи чудно, но бестселерите не секогаш навистина вредат. Во повеќето случаи се прославуваат поради звучното авторско име или успешната маркетиншка кампања. Доколку многу сакате ваков тип книги, тогаш најдобро е претходно да прочитате критики за одреден бестселер за да го спречите разочарувањето. Секцијата Книги на Кафе пауза може доста да ви помогне во тоа.rn

Пингвин класици

rn6-pred-da-odberete-kniga-prochitajte-gi-slednive-nekolku-soveti-kafepauza.mk_rnrn Пингвин класиците се богати со одлични романи. На крајот од секоја книга стои и листа од дела во нивно издание кои сигурно ќе ви помогнат уште веднаш да се одлучите што следно да прочитате.rn

Книжари

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnВо книжарите има добар избор на стари и нови наслови и сигурно ќе успеете да најдете некоја книга за вас. Читајте ги кратките објаснувања на задната корица или пак прочитајте ги првите неколку страни за посигурен избор.rn

Совет од вработените

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnВработените во книжара обично се големи љубители на книжевноста, па доколку не можете да се решите, прашајте ги нив за мислење. Тие ќе ви ги посочат најквалитетните неодамна издадени книги или пак ќе ви препорачаат други одлични дела.rn

Совет од пријателите и семејството

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnДоколку во кругот на пријателите или во семејството имате некој обожавател на книжевноста, не двоумете се и веднаш прашајте ги за совет. Сигурно ќе им биде мило да ви препорачаат некоја книга по нивен избор.rn

Онлајн-курсеви

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnРегистрирајте се на некој онлајн-курс за книжевност. Со тоа ќе добиете список од книги што треба да ги прочитате и есеи кои треба да ги напишете. Ќе истражувате, ќе дознаете за нови автори и нови значајни дела, што ќе ви постават стандарди и ќе ви помогнат во следните избори. На пример, започнете со следнава веб-локација за бесплатен курс.rn

Библиотека

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnНека вработените во библиотеката ви помогнат при изборот или едноставно изберете некоја книга што во моментот ви изгледа најпривлечно. Убавината на библиотеките е што книгите ги изнајмувате за малку пари, а истовремено можете да си седнете таму и да уживате во моментот.rn

Класици

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnМожеби сте слушнале за Госпоѓа Даловеј, Злосторство и казна и други познати дела, но дали ги имате прочитано? Доколку не, без размислување уште веднаш набавете ги и почнете со читање.rn

Саем на книга

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnСе ближи саемот на книга, каде има одличен избор на изданија по снижени цени. Дефинитивно вреди да посетите таков настан доколку сакате читање и литература.rn

Филмови

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnМногумина мислат дека најпрвин треба да се прочита книгата, па да се гледа филмот. Но, не мора секогаш да биде така. Можеби токму филмот ќе ви открие некој одличен роман што уште веднаш ќе сакате да го прочитате.rn

Книжевен клуб

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnОдличен начин да се сретнете со други љубители на литературата. Одбирате книга, ја читате, а по неколку недели се собирате и ја дискутирате. Вака ем ќе запознавате нови луѓе, ем ќе дознаете нови интересни книжевни автори и дела. Прочитајте зошто е добро да основате ваш книжевен клуб.rn

Авторско дело

rnПред да одберете книга, прочитајте ги следниве неколку совети...rnrnИ за крај, зошто и самите да не се обидете да напишете свое дело? Може да почнете со кратки раскази, а потоа да продолжете со краток роман од 20 илјади зборови. Запомнете, сите во себе носиме животен роман, кој само чека да излезе на површина. Среќно! :)rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.