КАФЕ ПАУЗА

12 познати личности кои прекинале со образованието, но успеале со труд

12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со труд

Не, не ви велиме да се отпишете од факултет. Приказните на овие познати личности ги даваме како пример дека со труд може да успеете во животот без разлика дали имате факултет или не. Погледнете кои познати личности успеале многу иако не завршиле со формалното образование.rn

Марк Закерберг, Сив Џобс, Бил Гејтс

rnКога зборуваме за познати и успешни кои се откажале од образованието, не можеме да ги прескокнеме тројцата технолошки гиганти, Марк Закерберг, Стив Џобс и Бил Гејтс. Иако многумина од нас не ги знаеме целосно нивните животни приказни, не значи дека не го почитуваме она што го направиле и успехот кој го постигнале.rnrn12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со трудrnrnСтив Џобс и Бил Гејтс се отпишале од школо бидејќи имале голема желба за отворање свој бизнис. Марк Закербер пак, ја направил првата верзија на Фејсбук додека студирал на Харвард, а потоа се отпишал за да го унапреди сајтот и да го направи многу повеќе од обична социјална мрежа. Така тој засекогаш го промени начинот на кој луѓето комуницираат и направи големо достигнување во светот на технологијата. Она што вие може да го научите од нив е дека иновативните и креативни идеи кои секој од нас ги има не смеат да се заборават туку треба да се спроведат во пракса.rn

Елен Деџенерис

rnПознатата, ултра успешна комедијантка, Елен Деџнерис, која секојдневно ги смее луѓето до солзи, се отпишала од факултет по само еден семестар бидејќи едноставно не била среќна. На почеток работела ниско платени работи во ресторани, кафулиња и клубови, сè додека во една прилика не ѝ се насмевнала среќата и таа станала онаа Елен која сите ја знаеме сега.rnrnИмајќи го предвид нејзиното тешко детство, Елен е вистински пример дека без разлика кој си и од каде доаѓаш, успехот е загарантиран со макотрпна работа, верба и надеж.rn

Бред Пит

rnПознатиот холивудски фраер се откажал од факултет само неколку недели пред дипломирањето за да почне да гради кариера во Холивуд. Иако ова звучи наивно, тој подоцна станува еден од најпознатите и најплатените актери во Холивуд. По 5 години работа на секакви места низ Холивуд тој конечно успева да се пробие на филмското платно. Страста, упорноста и следењето на својот сон е нешто што на Бред Пит му донело успех и слава.rnrn12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со трудrn

Опра Винфри

rnОпра Винфри се откажала од студиите откако ѝ била понудена работа. Најпрво работела во радио емисија, за подоцна да стане првата жена-црнец, спикер на локалните вести во Нешвил. Опра е уште една ѕвезда која имала навистина тешко детство и како девојче била злоупотребувана, но со сигурност е вистински пример за личност која ги срушила сите бариери во животот и создала нешто навистина прекрасно.rnrn12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со трудrn

Френсис Скот Фицџералд

rnЛитературниот гениј Ф. Скот Фицџералд, најпознат по Големиот Гетсби, се откажал од училиштето и покажал дека оцените и образованието не секогаш се пресудни во животот на еден човек. Познатиот писател бил без пари неколку години, живеел со своите родители и поправал автомобили пред да стане една од легендите на 20-тиот век.rn

Ралф Лорен

rnРалф Лорен се откажал од факултет по две години студирање. Најпрво почнал да работи како продавач на вратоврски. Инспириран од европските трендови, тој се обидел да пробие неколку свои дизајни во компанијата каде работел, но бил одбиен. Ова го инспирирало да започне свој бизнис кој многу брзо станал голем успех. Подоцна Лорен почнал да креира и други парчиња облека освен вратоврски за денес сите да го препознаваме неговото име како синоним за успех и престиж во модниот свет.rn

Џон Ленон

rnПознатиот член на Битлси секогаш повеќе се интересирал за музиката отколку за школото. Така, тој не завршил ни средно, не успевајќи да ги положи матурските испити. Подоцна се запишал во уметничко училиште, но бил отпишан поради несоодветно однесување. Тоа не го спречило да ги напише и изведе најубавите евергрини заради кои никогаш нема да биде заборавен.rn

Лејди Гага

rnПо втората година во познато уметничко училиште во Њујорк, Лејди Гага се отпишала со цел да започне музичка кариера. Откако работела со две музички групи и минала години во изведби по барови и клубови, соочувајќи се со пропаднати музички договори, таа стекна слава со нејзиниот прв соло албум. Моментално Лејди Гага е една од најплатените музички ѕвезди во светот.rn

Том Хенкс

rnПознатиот актер не успеал да го заврши драмскиот факултет. Иако бил добар и посветен студент, Том се откажал од факултетот не сакајќи да ја пропушти приликата за стажирање во театар во Охајо. Стекнувајќи големо познавање за театарот и глумата, Том Хенкс се пробива на филмската сцена со улогата во „Splash“.rnrn12 познати личности кои прекинале со образованието но успеале со трудrn

Мет Муленвег

rnМет Вуленбег студирал политички науки на универзитет во Хјустон. Додека бил на факултет, заедно со уште неколку пријатели почнал да работи на кодирање и програмирање. Наскоро тој проект станал првата верзија на Вордпрес, светски позната платформа за блогирање. Подоцна тој се отпишал од факултет за денес да биде познат како ко-основачот на Вордпрес. Уште еден доказ дека кога имаш голема идеја треба целосно да ѝ се посветиш.