Нештата се најубави кога одат во пар. Ист е и случајот со овошјата и зеленчуците. Кога ќе се спојат во една комбинација, даваат здравје, витамини и позитивни вибрации. За енергија, против ПМС или за помека кожа, вие одберете кој ќе биде вашиот витамински пар.rnrn
За повеќе енергија:
rnНаут + црвени пиперкиrnrnВо просек, една од пет жени се жали на недостиг на енергија. Но, јадејќи храна со железо, таа може да се надополни. Наутот е досаден ако се јаде самостојно, па затоа во комбинација со црвени пиперки кои се преполни со витамин Ц, се одличен пар. Испечете неколку црвени пиперки додека го правите најпознатиот сос од наут, хумус.rnrn
За подобар вид:
rnСпанаќ + авокадоrnrnСпанаќот има лутеин и витамин А, што веднаш го прави одличен за очите. Авокадото пак, освен што ги има истите витамини како спанаќот, има и здрави маснотии кои му требаат на организмот. Кесадиљас или тако со фил од спанаќ и фета и сос гвакамоле, изборот е ваш.rnrn
За помалку болен ПМС:
rnЈајца + броколиrnrnАко секој месец имате болни периоди, тоа е затоа што нивото на калциум и витамин Д ви е пониско од 30 и 40 проценти, соодветно. Комбинацијата на овие два продукти малку ќе ја ублажи болката само затоа што броколите се преполни со калциум, а јајцата со витамин Д. Фритата од броколи е совршен избор за комбинација на овие производи.rnrn
За помека кожа:
rnДомати + маслиново маслоrnrnЛикопенот, моќниот антиоксиданс, најмногу се наоѓа во доматите и штити од штетните сончеви зраци. Освен тоа, помага вашата кожа да биде мека, што не значи дека треба да јадете едно кило домати секој ден за да го постигнете тој резултат. Маслиновото масло има здрави маснотии кои кожата ја прават мазна, со помалку брчки и го забавуваат нејзиното стареење. Комбинацијата на овие два продукти во италијанската кујна се нарекува: Салата Капрезе. Домати исечкани на кругови, моцарела, маслиново масло и неколку ливчиња босилек и вашата кожа ќе ви каже „благодарам“.rnrn
За подобро варење на храната:
rnЈогурт + ленено семеrnrnСтомачното црево е домаќин на 400 разни видови бактерии, некои добри, некои лоши. Кога лошите бактерии ќе ги надвладеат добрите, тогаш доаѓа до проблеми со варењето на храната. Јогуртите се пријатели на дигестивниот систем и помагаат во стомачното црево да има што повеќе добри бактерии. За да опстанат пробиотиците, тие треба да се хранат со пребиотици – влакна кои се наоѓаат во ленот. Кога ќе се спојат заедно, тие овозможуваат здрав баланс во стомакот. Во вашиот јогут, попрскајте малку мелен лен или во овошен јогурт ставете неколку грубо истолчени семиња од лен. Одлично за здрав појадок.rnrn
За поздраво срце:
rnОвес + јаболкоrnrnОвесот има бета-глукан (влакна кои го намалуваат холестеролот) и авенантрамид (соединенија кои го штитат ЛДЛ-холестеролот од штетните слободни радикали). Тоа го прави овесот најдобар пријател на срцето. Јаболката пак, исто така штитат од штетните слободни радикали и имаат антиоксидансни соединенија. Во овесната каша која ќе ја јадете за појадок, ставете неколку парчиња исечкано и излупено јаболко. Ова е најдобриот начин за здрав и лесен појадок, препорачан од нутриционисти и доктори.rnrn
За посилен имунолошки систем:
rnПилешко месо + сладок компирrnrnСлаткиот компир е зеленчук кој се бори против инфекциите кои го напаѓаат организмот бидејќи е полн со витамн А. Но, без цинк кој го има во пилешкото, говедското и свинското месо, витаминот А не може да се донесе на вистинското место во организмот. Затоа, комбинацијата на овие два продукти и нивното претворање во бистра пилешка супа и печен сладок компир ќе го зајакнат вашиот слаб имунитет.rnrn
За превенција од рак:
rnЗелен чај + лимонов сокrnrnЗелениот чај е број еден извор за борба против ракот. Доколку во него ставите неколку капки лимонов сок, ефектот е посигурен, а за уште подобри резултати, додадете и една лажичка шеќер.rnrn