Вие го сакате партнерот и партнерот ве сака вас, но ако вашите пријатели знаат што правите зад затворени врати сигурно ќе си помислат дека сте чудаци. Не сте вие криви – вие само толку долго го/ја поддржувате вашето омилено чудаче што веќе тешко ви е да препознаете што е нормално, а што не.rnrnНе треба да се срамите од ваквото однесување. Уште сте обземени од љубовта и не ви е воопшто грижа дали некому му изгледате чудно или не. Им се случува скоро на сите, па затоа прифатете го тоа и гордејте се со вашите чудни навики кои скоро сите ги имаме кога сме во долга врска.rn
1. Ја користи бањата додека вие се туширате
rn
rnrnАко некој друг го направи ова, веројатно би повикале полиција, но бидејќи се работи за вашиот партнер, ќе прогледате низ прсти.rn
2. Си ги стискате акните
rn
rnrnЉубов е кога не се грозите од вакви нешта…rn
3. Влакна, влакна насекаде
rn
rnrnБез разлика дали ги кубете или само ги забележувате, ги знаете сите делови од телото на кои партнерот има влакна, но сепак тоа не ви смета.rn
4. Си ја мирисате нечистата облека
rn
rnrnНема ништо поинтимно од тоа да си ги мирисате нечистите парчиња облека. Океј, освен тоа да им ја перете.rn
5. Се случува случајно да се облечете исто
rn
rnrnОва толку често ви се случува што веќе не се знае кој кого копира. Премногу ваши излегувања наликуваат на љубовни состаноци помеѓу близнаци.rn
6. Си ги преземате интересите
rn
rnrnПосле ова и облекувањето како близнаци, насловот на вашата љубовна приказна треба да гласи „Како се претворив во мојот партнер?“rn
7. Одговарате на прашања со прдежи
rn
rnrnПрдни еднаш за „да“ двапати за „не“.rn
8. Си кажувате тајни со ждригање
rn
rnrnВистинската тајна е дека премногу јадевте за да можете да се бакнувате.rn
9. Се гледате како спиете
rn
rnrnНаправете го ова со некој друг освен со партнерот и обидете се да не се чувствувате како убиец – ова e предизвик.rn
10. Се однесувате како неговата/нејзината мајка или татко
rn
rnrnКога веќе долго време се грижите за некого, повремено може да почнете да се однесувате како неговите/нејзините родители. Иако е со љубов, сепак е премногу чудно.rn
11. Изигрувате доктор
rn
rnrnВие не го побаравте ова задолжение и знаете дека немате никакво образование во тоа поле, но сепак некако вие сте првата личност на која партнерот ѝ се обраќа при здравствени проблеми.rn
12. Си зборувате на сопствен јазик
rn
rnrnОд интерни шеги, до бебешки говор – никој не ве разбира што зборувате, но вам воопшто не ви е грижа за тоа. Едно од најзабавните нешта кај вљубувањето е кога имате некој со кого можете да го зачудите и исплашите светот. Затоа опуштете се и продолжете да бидете чудни заедно со вашиот/ата љубен/а.rn
