Светот е полн со чудни, но сепак неверојатно убави суштества. Но најинтересни се оние транспарентните, речиси невидливи животни кои изгледаат дури и волшебно. Погледнете некои од нив.rn
1. Стаклена жаба (Centrolenidae)
rnОвие жаби најчесто се наоѓаат во Централна и Јужна Америка. Тие имаат светло зелена боја и проѕирни стомаци.rn
2. Месечева медуза (Aurelia aurita)
rnОва речиси невидливо суштество го добило името поради органите кои се гледаат. Видливите органи се репродуктивни и се бели кај мажјаците, а розови кај женките.rn
3. Стаклен октопод (Vitreledonella richardi)
rnОвој октопод е еден од најмистериозните суштества. Единствените видливи делови се очите и дигестивните органи. Личат на духови кои лутаат низ длабочината на океаните.rn
4. Морски орев (Mnemiopsis leidyi)
rnОвие суштества немаат мозок и очи и се движат многу бавно. Тие се предатори и многу често ловат значително поголеми животни.rn
5. Стаклена пеперутка (Greta oko)
rnОваа пеперутка има проѕирни крилја. Најчесто се наоѓа во Мексико и Панама.rn
6. Ракот дух (Palaemonetes)
rnОвие ракчиња се толку проѕирни што можете да ја видите храната во нивниот стомак. Кај женките видливи се и јајцата.rn
7. Морска пеперутка (Thecosomata)
rnОвие полжави се хранат така што прават мрежа околу нивните крила за да ловат хранливи честички. Потоа ја ставаат целата мрежа во устата и ги враќаат хранливите материи кои ги искористиле за неа.rn
8. Златна буба (Charidotella sexpunctata)
rnОвие бубачки може да светат како вистинско злато. Ова е едно од најмалите транспарентни суштества на Земјата.rn
9. Замрзната риба (Notothenioidei)
rnОваа риба е едно од најубавите транспарентни животни. Тие се толку добро прилагодени на својата средина што имаат антифриз во нивната крв.rn
10. Морски ангел (Gymnosomata)
rnОвие суштества живеат во Северно ледениот океан. Нивните проѕирни крила им даваат навистина магичен изглед.rn
11. Проѕирен амфипод (Hyperia Macrocephala)
rnОва е еден од најчудните видови кој постојат. Откриени се за време на една експедиција длабоко во водите на Атлантикот.

