КАФЕ ПАУЗА

Храна која ќе ви ја врати енергијата

Не мора веднаш да посегнете по нешто благо или шолја кафе кога се чувствувате изморено. Погледнете кои други хранливи состојки може да придонесат за зголемување на енергијата.rnrn(0) Храна која ќе ви ја врати енергијатаrn

1. Железо

rnДоколку се чувствувате изморено, можеби имате недостаток од железо. Јадете повеќе зеленчук, јаткасти плодови, сончоглед и леќа.rn

2. Фолна киселина

rnФолната киселина може да спречи појава на анемија, остеопороза, деменција; учествува во изградбата на клетките на кожата и влијае врз нормалното функционирање на нервите. Фолната киселина ја има во црвеното месо, зелениот зеленчук и јаткастите плодови.rn

3. Цинк

rnНедостатокот од цинк во организмот придонесува за намалување на имунитетот. Покрај намаленото ниво на енергија, се јавува и намален апетит, бели точки на ноктите, акни, опаѓање на косата и намален вид. Цинкот го има во семките од тиква, јаткастите плодови, пилешкото месо, овесот, морската храна и црвеното месо.rn

4. Сложени шеќери

rnНеконсумирањето на сложени шеќери исто така може да доведе до замор. Јадете храна богата со скроб, како: тестенини, интегрален леб и овесни производи.rn

5. Витамин Б12

rnВитаминот Б12 е клучен за здрав нервен систем и за формирањето на црвени крвни клетки. Задржете го високото ниво на овој витамин преку консумирање на риба, јајца и млечни производи.rn

6. Шеќер во мали количества

rnМало количество шеќер за подигнување на енергијата е пожелно, но не треба да се претерува. Сепак најдобро е да се држите до јаткастите плодови, кои ги имаат сите потребни витамини за враќање на енергијата.rn

7. Кофеин

rnПремногу кафе во денот, може да има спротивен ефект. Обидете се да ги ограничите дневните количини на кафе и наместо тоа, одлучете се за чаша чај или пак за безкофеинско кафе.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.