rn
6. Кравите имаат најдобри пријатели
rnИстражувањата покажале дека кравите се многу друштвени и имаат најдобар пријател во стадото. Ако се разделат од нивното другарче, тие стануваат нервозни и вознемирени.rn
7. Морските крави послужиле како инспирација за митовите за сирени
rnДодека се хранеле на површината од океанот, на морските крави понекогаш им се закачувале алги околу главата кои личеле на долга коса. Поради ова и нивните опашки, многу морнари верувале дека виделе сирена.rn
8. Песните на китовите стануваат популарни исто како и хитовите кај луѓето
rnНеколку китови кои живеат во одредена област пеат иста песна која се развива со текот на времето. Ако песната е доволно „певлива“, ќе почне да патува и во други области и други групи на китови ќе ја научат и ќе ја пеат. Истото се случува и со светските хитови!rn
9. Остригите можат да си го сменат полот
rnВо зависност од тоа кој пол е покорисен за време на сезоната на парење, остригите можат да се менуваат во машко или женско.rn
10. Лавиците остануваат заедно засекогаш
rnСестрите лавици живеат заедно целиот нивен живот. Кога имаат мали лавчиња, женките остануваат со нивните мајки и тетки, додека мажјаците патуваат за да си го најдат сопствениот чопор.rn
11. Машките морски коњчиња го носат потомството
rnМорските коњчиња се моногамни. Кога станува збор за размножувањето, машките ги носат оплодените јајце клетки во торбичка додека не дојде време за нивното раѓање. Освен тоа, морските коњчиња се држат за опашките кога пливаат, исто како што луѓето се држат за раце.
Доколку ви се допадна овој текст, прочитајте уште неколку чудни и интересни факти за животните.

