Сите имаме право да ја најдеме вистинската личност со која ќе одлучиме да го делиме остатокот од животот. И сите имаме право да бидеме во врска која ќе ни го дава сето она што ни е потребно, без разлика на астрологијата, без разлика на хороскопскиот знак. Сепак, врз основа на знакот во кој сме родени, постојат одредени работи за кои не треба да правиме компромис во врските. Најдете го вашиот знак и прочитајте кои се тие.
rn
Овен
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која секој ден ќе ви биде поинаков од претходниот – во која ќе се чувствувате како да не сте престанале да растете… Додека не најдете партнер кој секогаш ќе сака да испробува нови нешта со вас, а вие нема да се плашите од долгорочно врзување бидејќи со него се чувствувате поинаку, сосема спротивно од „скрасување“ со една личност.rn
Бик
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која ќе се чувствувате безбедно и стимулирано во исто време – врска во која ќе се чувствувате љубено и почитувано од својот партнер, додека тој истовремено ќе ве предизвикува да исчекорите од зоната на комфор во која сте често склони да останете затворени.rn
Близнаци
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која ќе се чувствувате како себеси, бидејќи наместо да мислите дека секогаш мора да ја прикажувате само својата забавна и возбудлива верзија – вашиот партнер ќе ве сака секакви. Тоа значи дека со него би се чувствувале доволно безбедни за да ги покажете и својата ранлива страна и несигурноста.rn
Рак
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која нема да бидете загрижени дека ќе бидете земени здраво за готово, бидејќи сте со некој кој длабоко ги цени вашата сочувствителност и добрина, но исто така сака и да се грижи за вас, наместо постојано вие да се грижите за него/неа.rn
Лав
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која поради вашиот партнер секој ден ќе се чувствувате посилно, охрабрено и поддржано… Врска во која вашиот партнер може да оди во чекор со вас, во која тој е исто толку амбициозен како и вие, но не е заплашен од вашите успеси и кој не ви дозволува постојано да биде по ваше.rn
Девица
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која никогаш не треба да погодувате што се случува во главата на партнерот… Врска во која вашите чувства се ценети и во која сте со партнер кој сака искрен, директен однос и кој е комплетно отворен во врска со тоа колку се грижи за вас.rn
Вага
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која обострано ќе се почитувате – врска во која партнерот нема да ве тера да избирате меѓу него и другите важни нешта во вашиот живот, бидејќи тој е доволно сигурен за да не треба постојано да го уверувате колку ви е важен. Исто така, чекајте ја врската во која ќе можете искрено и директно да си ги изразувате чувствата, наместо да бидете неодредени и непосветени еден на друг.rn
Скорпија
rnОстанете сингл додека не сте во врска која се базира на искреност – врска во која ќе се чувствувате доволно безбедно за да ги срушите ѕидовите околу вас и во која комуникацијата е приоритет наместо да се чека нештата да се остават да „скапуваат“ зашто останале некажани.rn
Стрелец
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која главниот фокус е радоста, но во која нема да се плашите да имате и тешки дискусии…Врска во која ќе се чувствувате доволно блиски и сигурни за да можете да зборувате за проблемите со кои се соочувате и во која нема да чувствувате притисок дека секој ден треба да се однесувате како да сте среќни дури и кога ви е тешко.rn
Јарец
rnОстанете сингл додека не сте во врска која истовремено ќе биде и лесна и длабока – врска во која ќе се чувствувате прифатено и сакано вклучително и заради вашите посериозни, амбициозни и резервирани тенденции но во која вашиот партнер ќе ја може да ја извади на површина и вашата будалеста страна и ќе ве засмева на начин на каков што никогаш порано не сте се смееле.rn
Водолија
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која ќе знаете како да си бидете приоритет број еден со вашиот партнер додека истовремено одржувате балансирани животи и надвор од вашиот заеднички… Врска во која знаете кои сте и без другата личност, врска во која никогаш нема да ви биде одземено чувството на независност и она што сте.rn
Риби
rnОстанете сингл додека не сте во врска во која ќе се чувствувате како да сте си го нашле својот дом – врска во која вашето сочувство никогаш нема да се зема здраво за готово, во која никогаш нема да почувствувате искушение да станете пасивни и во која секој ден ќе бидете разбрани од страна на партнерот.
Прочитајте и кој е најбрзиот пат до срцето на секој хороскопски знак.

