КАФЕ ПАУЗА

11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзи

11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзи

За разлика од возрасните, децата само што почнуваат да го разбираат светот и работите што се случуваат во него. Затоа нивните размислувања обично одат во многу различна и неочекувана насока. Нивните неверојатни досетки се најчестата причина за смеа кога целото семејство ќе се собере на трпезата. Следуваат неколку незаборавни детски разговори кои ќе ви го разубават денот и ќе ве насмеат до солзи:rnrn11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзиrnrn1. Таткото забележал дека синот заспал на каучот и решил да го крене и да го однесе во кревет. Како што почнал да го крева внимателно, момчето промрморило во сон:rnrn- „Врати ме таму кај што ме најде!“rnrn2. Додека мајката го чекала синот да се облече за да излезат, решила да го забрза процесот:rnrn- Ајде, дај ми ја ногата!“rnrnМомчето ја кренало неговата лева нога, но мајката имала поинаква идеја:rnrn- Дај ми ја десната!“rnrnМомчето ја кренало неговата десна нога, но мајката повторно се премислила:rnrn- „Не, злато, другата!“rnrnСинчето погледнало наоколу и збунето рекло:rnrn- „Но, нема повеќе нозе!“rnrn3. 3-годишно момче отишло на доктор за проверка на слухот. Докторот прошепотил:rnrn- Чоколадо.“rnrnМомчето со шепот одговорило:rnrn- Не, благодарам. Алергичен сум.“rnrn4. 3-годишно налутено момче го гледало својот татко додека тој пушел на балконот. Човекот го забележал погледот на детето полн со презир и неодобрување и го прашал:rnrn„Што е проблемот, сине?“rnrn„Тато, пушењето е штетно по здравјето, така?“rnrn„Така е, сине.“rnrn„Но, тато, ти сепак пушиш?“rnrn„Да, сине.“rnrn„Тато, дали тоа значи дека ти си идиот?“rnrn5. Типичен разговор помеѓу еден татко и син:rnrn„Тато, дали ти сè уште растеш? Дали ќе станеш повисок?“rnrn„Не, сине.“rnrn„Тогаш зошто продолжуваш да јадеш?!“rnrn6. Мајка и ќерка си играле животни. Мајката се преправала дека е коза, а нејзината 2-годишна ќерка дека е нејзиното бебе коза. Таткото без да знае за ова влегол во собата и одеднаш го слушнал заповедниот глас на неговата мала принцеза:rnrn- Еј, козо! Стави ми сок!“rnrnМожете само да го замислите неговиот израз на лицето!rnrn7. Една мајка излегла на прозорецот и викнала по нејзиниот син кој си играл надвор во градината:rnrn- Берни, доаѓај дома веднаш!“rnrnМомчето ја погледнало и одговорило:rnrn„Што е сега? Смрзнувам од студ?“rnrn„Не, умираш од глад!“rnrn8. 6-годишно момче со восхит гледало во средените нокти на неговата учителка:rnrn„Леле, колку долги нокти имате!“rnrn„Да, ти се допаѓаат?“rnrn„Нормално! Сигурно се одлични за качување по дрва!“rnrn9. 5-годишната ќеркичка се вратила дома од градинка лошо расположена. Причината за тоа била што не се покажала добро на првиот час по читање. Со солзи во очите застанала пред огледало и рекла:rnrn„Јас сум толкава глупача!“rnrnПродолжила да се гледа во огледалото замислено. Потоа смирено рекла:rnrn„Ама, убава глупача.“rnrn10. Една жена броела ситни пари во супермаркет. Одеднаш, една од паричките паднала долу. Жената му викнала на синот:rnrn-Злато, ај те молам крени ја!rnrnПред да може момчето да реагира, некој човек се наведнал, ја кренал паричката и ѝ ја дал на мајката велејќи:rnrn„Секако, не сум јас твоето злато, ама повели.“rnrnМомчето налутено го погледнало и рекло:rnrn„Нормално дека не си! Зошто ја крена тогаш?“rnrn11. Мајка и син се шетале по улица држејќи се за рака, кога една сосетка поминала и забележала:rnrn„Ама големо момче, уште ја држи мама за рака!“rnrnМомчето ја погледнало мајка си и ѝ рекло:rnrn„Мамо, таа е само љубоморна затоа што нејзините деца се пораснати. Немој да се грижиш за тоа што го кажа! Знаеш што? Сега и ќе те бакнам исто така.“