11 чудни работи кои ги прават само вистинските љубители на книги

Сподели

Оние што обожаваат да читаат книги знаат што значи со часови да се изгубите во светот на книгата, да се поврзете со нејзините ликови и да заборавите на стресот предизвикан од секојдневниот живот. Но, исто така, вистинските љубители на книги честопати стекнуваат некои чудни навики поврзани со читањето. Како на пример, таа дека никогаш не може да имате премногу книги, па тие полека почнуваат да го зафаќаат целиот простор во вашата соба или стан, но вам не ви пречи и секогаш сте расположени да тркнете до блиската библиотека или книжара.

Реклама

Од измислувањето изговори за да прочитате повеќе книги до вашето додевање за најновата книга што сте ја прочитале на секој кој ви обрнал внимание, нема сомнеж дека читателите имаат навистина откачени навики. Ако сте вистински љубител на книгите, сигурно ќе се пронајдете во следниве 11 чудни работи…rn

1. Сте го искривиле вратот за да видите што чита човекот до вас

rnВо автобус, во паркот, на плажа… Сите сме се истегнале малку повеќе отколку што треба за да видиме што чита човекот до нас.rn

2. Сте потрошиле повеќе пари отколку што сте имале на книги

rnНе знаете како, ама вашиот буџет значително се намалува секогаш кога ќе здогледате книжара. Секогаш.rn

3. Сте ги откажале сите планови за да читате книга

rnСлободно можете да признаете. Сите сме го направиле тоа.rn

4. Ликовите од книгите ментално сте ги сместувале во куќите на Хогвартс

rnСтанува збор за најобична навика. Ништо страшно.rn

5. Сте ги мирисале книгите

rnОсобено ако станува збор за нови книги!rn

6. Не сте можеле да одлучите која книга да ја понесете на одмор

rnОдморите служат за релаксација, а тоа значи многу слободно време за читање! Но, најмногу време губите на тоа да одлучите кои книги да ги земете и колку. Што ако веднаш ги прочитате сите книги, или што ако не ви се допадне некоја? На грижите им нема крај!rn

7. Го сфаќате лично фактот што некој не сака да чита

rnКако е тоа воопшто возможно?!rn

8. Сте почнале да читате книга пред да си легнете

rnИако многу добро ви се познати последиците и знаете дека нема шанси да заспиете.rn

9. Сте го ѕирнале крајот на книгата

rnИ сте виделе нешто што целосно ви го уништило впечатокот. Божем не знаевте дека ќе се случи ова…rn

10. Сте се чувствувале мамурни откако сте завршиле неверојатна книга

rnПо секоја неверојатна книга што ќе ја прочитате се чувствувате празно бидејќи се прашувате што ќе правите потоа.rn

11. Сте се жалеле дека чантата ви е премногу тешка иако сте знаеле точно зошто е тоа така

rnСекогаш носите повеќе книги во чантата. За секој случај. Од каде да знаете кога ќе ви затреба некоја?!

Најново

Може ќе ве интересира