„Невробик“ е термин што се користи за опис на група ментални вежби, кои на мозокот му овозможуваат една посебна „гимнастика“. Тука се вклучени сите наши сетила: Вид, слух, допир, вкус и мирис. Редовното вежбање го поттикнува растот на нови невронски врски во различни делови од мозокот, ги зајакнува нервните станици и го поттикнува производството на мозочните хранливи состојки кои го подобруваат паметењето.rnrn
rnrnВи ги препорачуваме овие едноставни, но многу корисни вежби. На тој начин, секој ден можете да го вежбате својот мозок, што ќе ја подобри вашата физичка и емоционална состојба.rn
1. Четкајте ги забите со недоминантната рака
rnНаучните истражувања покажуваат дека користењето на хемисферата од нашиот мозок којашто не е доминантна (што всушност се поттикнува со оваа вежба), резултира со брзо и значително проширување на кортикалната површина.rn
Како да го сторите тоа:
rnЕдноставно четкајте ги забите со раката којашто не ви е доминантна (ако сте деснак користете ја левата рака и обратно). Исто така, не заборавајте со истата рака да ја отворате пастата и да ставата од неа на четката.rn
2. Туширајте се со затворени очи
rnДопирот активира различни делови од нашиот мозок. Додека очите ви се затворени, под рацете можете да ја почувствувате текстурата на кожата, којашто не можете да ја видите. Тоа е така благодарение на нервните завршетоци во вашите дланки и прсти, коишто испраќаат знаци во мозокот кога доаѓаат во допир со кожата.rn
Како да го сторите тоа:
rnОбидете се да ги користите само своите чувства за допир (притоа внимавајте да ги отстраните сите опасности во околината, кои можат да ви нанесат повреда). Внимателно со затворени очи наместете ја саканата топлина на водата и потоа уживајте под млазовите вода.rn
3. Внесете свежина во утринските ритуали
rnИстражувањата на мозокот покажуваат дека со промена на секојдневната рутина, се зголемува дебелината на кортексот и се подобрува активноста на мозокот.rn
Како да го сторите тоа:
rnПо појадокот облечете се, изберете ново место за прошетка на вашето куче, сменете ги вашите омилени ТВ канали или радио станици.rnrn
rn
4. Свртете ги наопаку познатите предмети (навистина, сторете го тоа!)
rnКога ги гледаме работите околу нас, кои се наоѓаат во нивната правилна положба, нашата лева вербална хемисфера лесно преминува преку тие предмети и брзо го префрла вниманието на други нешта. Со превртување на веќе познатите работи наопаку, ја фрлате во работа десната половина од мозокот, а истовремено, се посветува поголемо внимание на работите коишто ги гледате, нивните форми и бои.rn
Како да го сторите тоа:
rnСвртете ги наопаку семејните фотографии, ѕидниот часовник или календарот.rn
5. Сменете го местото на масата
rnВо повеќето семејства, секој член си има свое место на масата, но понекогаш треба да го изненадите мозокот со ново искуство, со цел да се влијае врз неговиот развој.rn
Како да го сторите тоа:
rnСеднете на друго место за да ја смените положбата и погледот на собата, како и на луѓето околу вас. Ќе забележите дека со тоа се сменил дури и начинот на кој ги земате солта и биберот.rn
6. Вдишувајте нови мириси
rnВеројатно не можете да се сетите кога и како сте го поврзале мирисот на кафето со почетокот на новиот ден. Но, поврзувањето на необични мириси и вкусови, на пример, ванила, цимет и пеперминт, со која било активност, ќе му помогне на вашиот мозок да изгради нови невронски патишта.rn
Како да го сторите тоа:
rnЕдна седмица оставајте го вашиот омилен мирис во близина на креветот на кој спиете. Вдишете го штом се разбудите, откако ќе се искапете и пресоблечете.rn
7. Отворете го прозорецот во автомобилот
rnХипокампусот е дел од мозокот кој е одговорен за паметењето. Вашите сеќавања ќе бидат поживописни доколку се вклучат мириси, звуци и делови од пејзажите.rn
Како да го сторите тоа:
rnОбидете се да препознаете нови мириси и звуци на вообичаената рута по којашто возите. Едноставното отворање на прозорецот од автомобилот ќе ви помогне поубаво да ги апсорбирате сите нешта од надвор.rnrn
rn
8. Проучете ги производите во маркетите
rnВо сите супермаркети, најпрофитабилните производи се секогаш сместени во висина на вашите очи. Затоа, кога купувате обидете се да го проширите вашиот поглед по полиците.rn
Како да го сторите тоа:
rnЗастанете меѓу два реда полици и детално погледнете од врвот до дното. Доколку забележите нешто што не сте го виделе порано, земете го тој производ, прочитајте што пишува на амбалажата, проучете ги состојките и размислете малку за неговата употреба. Не морате да го купите тој производ, едноставно, главната задача сте ја завршиле. Сте ја надминале секојдневната рутина и сте се стекнале со ново искуство.rn
9. Комуницирајте повеќе во текот на денот
rnНаучните истражувања во повеќе наврати докажуваат дека недостатокот на комуникација сериозно влијае врз целокупната когнитивна способност.rn
Како да го сторите тоа:
rnНаместо на банкомат, вадете пари на шалтер во банка. Наместо да пазарувате во големите маркети, посетете го локалното пазарче…rn
10. Сменете го начинот на читање
rnДодека читаме или ги слушаме другите луѓе како читаат, ние активираме различни делови од мозокот. Читањето на глас или читањето во себе различно влијаат врз работата на нашиот мозок.rn
Како да го сторите тоа:
rnЧитајте му на глас на вашиот партнер, а потоа сменете ги улогите на читател и на слушател. Можеби ќе ви треба повеќе време да ја прочитате книгата, но на тој начин и ќе си посветите повеќе време заедно, а и позабавно е да се чита на глас.