Некои трикови се навистина генијални, па се применуваат со генерации. Но, многу од нив се забораваат или се претвораат во „бабини деветини“ во кои никој не верува, па затоа и никој не ги пробува. Во продолжение погледнете некои од најкорисните и најпопуларните трикови кои ги користеле нашите баби и кои навистина функционираат.rn
1. Розите ќе живеат подолго ако ставите аспирин во водата
rnАспиринот го спречува расипувањето на водата и им го продолжува животот на хризантемите, каранфилите, гладиолите и розите. За нарцисите подобро е да додадете малку сол во водата.rn
2. Користете гумен ластик за да го научите детето да држи пенкало
rnСтавете ластик на дланката и закачете го пенкалото. Потоа завртете го за 180 степени и тоа ќе стои во правилна положба.rn
3. Отстранете ги мрсните дамки од облеката со сол
rnСолта ќе го апсорбира поголемиот дел од маснотиите. Ставете малку сол на дамката, почекајте и истресете ја. Малите дамки веднаш ќе исчезнат, а големите полесно ќе се исперат.rn
4. Обновете го сувиот лак за нокти со ацетон
rnНеколку капки ацетон не само што ќе го направат лакот течен туку и ќе му дадат сјај. Само немојте да додавате премногу за да не го разводните.rn
5. Исчистете ја загорената тава со сол
rnМногу лесно можете да ги исчистите загорените тави без посебни средства. Едноставно наполнете ја со вода, додајте неколку лажици сол и оставете ја водата да врие од 15 до 20 минути.
Погледнете ги останатите трикови на следната страница…rn

