Британските кралски венчавки следат многу традиции кои се развивале со текот на времето. Нивните венчавки се запишуваат во историјата. Па, погледнете кои се најважните правила и традиции што се следат за време на овие церемонии.rn
1. Дозвола за стапување во брак
rn
rnrnПрвите 6 наследници на тронот мораат да побараат дозвола од кралицата за да се венчаат. На 14-ти март кралицата Елизабета го одобри бракот помеѓу принцот Хари и Меган Маркл и напиша писмо со кое го потврдува тоа.rn
2. Прстенот на невестата треба да биде направен од велшко злато
rn
rnrnОваа традиција потекнува од 1923-та година кога прстенот на мајката на Елизабета бил направен од вакво злато. Рудниците за злато во Велс се истрошени, па навистина е тешко да се најде. Поради ова велшкото злато е многу поскапо. Прстените на Елизабета, Дијана, Кејт и Камила биле направени од овој метал. Хари го добил прстенот на Меган од кралицата кратко по веридбата.rn
3. Букет на гробот на непознатиот воин
rn
rnrnНаместо да го фрла букетот, невестата го поставува на гробот на непознатиот воин во Вестминстер Аби во Лондон. Мајката на Елизабета била првата која го направила ова во чест на војниците и нејзиниот брат Фергус кои загинале во Битката на Лус во 1915-та година.rn
4. Официјален семеен портрет
rn
rnrnОфицијалната фотосесија е уште една традиција. Обично се први помеѓу церемонијата и венчавката. Првиот британски монарх кој го направил ова бил кралот Едвард VII. Принцот Хари и Меган Маркл го одбрале Алекси Лубомирски, еден од најпознатите модни фотографи.rn
5. Момчето носи воена униформа
rn
rnrnМажите од британското кралско семејство мораат да служат војска. Сите имаат и титула. Според традицијата, тие се венчаваат во нивните униформи носејќи ги медалите што ги освоиле.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
