Во светот постојат навистина стари животни. Иако обично е тешко да се утврди возраста на дивите животни, научниците имаат неколку методи за ова. На животните кои живеат околу нас, или се одгледуваат во зоолошки често им се знае точната возраст. Ќе се изненадите колку всушност години имаат некои од нив.rn
1. Папагалот Чарли
rn
rnrnЧарли е роден во 1899-та година, а ова го прави 119 години стар. Неговиот сопственик е Питер Орам кој го купил од продавница за домашни миленици во 1965-та година. Питер го одбрал Чарли бидејќи сакал да пцуе и да кажува работи против нацистите. Се верува дека папагалот ги научил овие работи од британскиот премиер Винстон Черчил, кој наводно го купил во 1937-ма година. Ќерката на Винстон го негира ова додавајќи дека барале низ фотографиите, но не нашле никаков доказ за Чарли. Некои сметаат дека семејството ги негира гласините бидејќи ги прикажува во лошо светло.rn
2. Морски сунѓер со големина на комбе
rn
rnrnОвој сунѓер со ширина од 3,7 метри и должина од 2,1 метар е најголемиот кој е пронајден досега. Откриен е на длабочина од 2.100 метри околу Хаваи. Истражувачите не можат да ја одредат неговата возраст, но според големината сигурно е стар илјадници години. Помалите сунѓери кои живеат во слични, но поплитки води се стари над 2.300 години. Па овој сунѓер можеби е толку, а можеби и многу постар. Научниците сметаат дека ова е можеби најстарото живо животно во моментов на планетата Земјата.rn
3. Јастогот Џорџ
rn
rnrnСо неговите 140 години, Џорџ е најстариот јастог кој е пронајден. Фатен е во Канада и бил продаден во ресторан во Њујорк. Јастогот живеел во аквариумот на ресторанот и бил забележан од луѓе кои ѝ се јавиле на ПЕТА. Од организацијата побарале Џорџ да се врати во морето, а ресторанот се согласил. Неговата возраст е одредена од неговата тежина.rn
4. Неименувана Гренланд ајкула
rn
rnrnЕдна неименувана женска Гренланд ајкула го држи рекордот за најстариот ‘рбетник. Се верува дека е родена помеѓу 1501-ва и 1744-та година. Тоа значи дека има помеѓу 274 и 517 години. Научниците отсекогаш знаеле дека Гренланд ајкулите имаат долг животен век, но не можеле да одредат колку. Овие ајкули растат по 1 центиметар годишно, сексуалната зрелост ја достигнуваат на 150-годишна возраст и можат да достигнат должина од 5 метри.rn
5. Алигаторот Муџа
rn
rnrnНајстариот американски алигатор се чува во зоолошка во Србија. Неговото име е Муџа и се верува дека има барем 80 години. Пристигнал во зоолошката во Белград во 1937-ма година. Муџа ги преживеал 3-те бомбардирања на градот, како и Балканските војни. Речиси целиот живот здравјето на Муџа е одлично, но во 2012-та била ампутирна едната негова нога поради гангрена.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
