КАФЕ ПАУЗА

Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

ТВ серија исполнета со хумористични и непредвидливи случувања rnrn rnrnНајлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)  Главни ликови: Бен Милер, Сара Александер, Алисон Стедман, Џефри Вајтхед, Џенин Дувидски, Роналд Пикап.. rnrnРежисер: Марк Бусел, Џастин СбресниrnrnКреатори: Марк Бусел, Џастин СбресниrnrnЖанр: комедијаrnrnВреметраење: 30 мин.rnrnПремиера: 12 март 2004rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 3rnrnСледна епизода: немаrnrnНаша оценка: 8/10rnrn_________________________________________________________________________________ „Најлошата недела во мојот живот“ е одлична британска серија во продукција на БиБиСи, која навистина може да ви го разубави денот. Несекојдневните и незгодни случувања на еден млад брачен пар и нивните комплетно различни семејства, ќе ве наелектризираат со позитивна енергија и може да ви дојде како одлична релаксација после напорниот ден. ________________________________________________________________________________rn Од почетокот на првата епизода:rnrnrnПриказна: Серијата започнува една недела пред најсреќниот ден во животите на Хауард и Мел, нивната венчавка која сите со нетрпение ја очекуваат. Недела предвидена за релаксација и изострување на деталите околу свадбата, но и за зближување на Хауард со семејството на Мел, особено со нејзиниот татко Дик, кој и онака не е негов најголем обожавател. Но како непишано правило, секогаш кога премногу се трудите да оставите убав впечаток, работите се одвиваат обратно од планираното. Засрамувачките ситуации во кој запаѓа Хауард со семејството на неговата идна сопруга, во комбинација со љубоморните испади на неговата колешка, која е болно заљубена во него, ја дава дефиницијата за добра хумористична серија.rn.rn

„Оф Боже, зошто не се венчавме некаде на плажа, само ние двајцата“

rnВо понатамошниот тек на серијата сатиричните случувања продолжуваат и на нивниот меден месец и за време на Божиќните празници.rnrnНајлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)rnrnИнтересни податоци: Серијата е снимена во три сезони, од кои за третата сезона се снимени само три епизоди. По третата сезона, БиБиСи одлучи да се прекине со снимањето на серијата, што наиде на големо разочарување на публиката.rn

Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

rnСепак серијата доби свои интернационални верзии, во Германија наречена „Помош! Свадба! Најлошата недела во мојот живот“ и далеку попопуларната американска верзија „Најлошата недела“ во која глуми и популарниот актер  од ТВ серијата „Лудите седумдесетти“, Куртвуд Смит, во улогата на Ред Формен.rnrnКога и како да ја гледате? Серијата е лесна и интересна и можете да ја гледате со друштво, со вашиот партнер или пак сами. Како и да е смеењето нема да изостане. Серијата во своите три сезони е составена од само 17 епизоди, па затоа е многу погодна да ги изгледате сите во еден викенд додека сте заминати некаде да се одморите и да уживате.rnrnНајлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life) rnrnСлични серии: „Најлоша недела“rnrnСлични филмови: „Запознавање со родителите“, „Запознавање со Фокерови“