Прекрасно светло, лесни пари, луксузен живот… Ова се работите со кои се поврзуваат казината. Иако се одлични за забава, следниот пат кога ќе одите во казино имајте ги на ум овие „тајни“.rn
1. Силните светла ве тераат да се обложувате побрзо
rn
rnrnДали сте се запрашале зошто во казината има безброј светилки и интересни детали? Ова е трик кој ќе ве натера да потрошите повеќе. Психолозите велат дека црвените светла и брзата музика ги тера луѓето побрзо да одлучуваат и евентуално да потрошат повеќе пари.rn
2. Колку повеќе луѓе има на масата толку е побавна играта
rn
rnrnПрофесионалните коцкари сакаат да играат на полна маса, и имаат одличен изговор за ова. Прво, повеќе луѓе значи побавна игра и повеќе време за размислување. Покрај тоа „комплиментите“ како бесплатни пијачки се поврзани со времето кое играчот го поминува во казиното.rn
3. Обезбедувањето е насекаде
rn
rnrnРечиси невозможно е да украдете пари од казиното поради нивниот систем за обезбедување. И овде не спаѓаат само големите момци кои стојат насекаде. Низ целиот простор се поставени камери кои лесно можат да ве препознаат и да поврзат дали сте сами или со некого.rn
4. Поголемите чипови го прават губењето полесно
rn
rnrnКазината ќе ве охрабрат да земете поголеми чипови, а и овде улога има психологијата. Поголемите чипови го прават губењето полесно бидејќи поголема е веројатноста да фрлате чип од 25 евра, наместо 5 чипови од 5 евра.rn
5. Во поголемиот број казина нема прозорци и часовници
rn
rnrnЛесно е да изгубите чувство за време во казиното. Најчесто причината за ова е недостатокот од прозорци и часовници. Играта ви го зема целото внимание, па многу често ќе останете подолго од планираното. И се разбира, ќе потрошите повеќе пари.rn
6. Не играјте кено
rn
rnrnШансите за победа на оваа игра се навистина мали. Речиси е невозможно да погодите 20 броеви и вашите пари сигурно ќе изгорат.rn
7. Не играјте рулет
rn
rnrnГолемото светкаво тркало е навистина привлечно за многумина. Но шансите за добивка се навистина мали, иако не изгледа така.rn
8. Амбиентот е клучен
rn
rnrnКазиното прави да се чувствувате како навистина да се грижи за вас. Тивка музика, добро светло и удобност. Столовите се секогаш убави, а подот има одличен дезен. Ова прави навистина да се опуштите.rn
9. Локација
rn
rnrnДали имате забележано дека во поголемите казина, за да стигнете до тоалетот треба да поминете низ многу машини и маси за играње? Трикот е во тоа што сите услуги се лоцирани на недостижни места, па додека ги барате се зголемуваат шансите да потрошите уште повеќе пари.rn
10. Повремена победа
rn
rnrnНишто не ви дава надеж како среќниот добитник до вас. Па „Штом некој победил можам и јас“ е најголемиот трик на казината. За жал, ризикот од губење е многу висок наспроти шансите за победа, па навистина треба да се запрашате дали вреди.rnrnДали знаете зошто казината прават толку голем профит?