rn
6. Стрипот „Тинтин во Тибет“ (Tintin In Tibet) на Ерже
rn
rnrnКреаторот на Тинтин, Ерже имал кошмар кој се повторувал.rn
„Моите соништа содржеа големи бели површини. Се сеќавам на еден од нив кога бев во некоја кула направена од серија рампи. Мртви лисја паѓаа и покриваа сè. Во еден момент се појави бел скелет кој се обиде да ме фати. Во тој момент сè околу мене стана бело.“
rnЕден психијатар му кажал на Ерже дека соништата биле предизвикани од неговата работа на Тинтин и дека требало веднаш да се „ослободи од демоните“. Наместо тоа, Ерже го создал стрипот „Тинтин во Тибет“, приказна која се случува на снежните Алпи, кои ги претставуваат белите површини од неговиот сон. Стрипот му помогнал на Ерже да ги надмине кошмарите и станал едно од неговите најпознати ремек-дела.rn
7. Книгата „Доктор Џекил и господин Хајд“ (Dr. Jekyll And Mr. Hyde) од Роберт Л. Стивенсон
rn
rnrnРоберт бил во финансиска криза и под голем притисок од неговиот издавач да напише популарна авантура. Една вечер, тој имал толку лош сон што почнал да вика. Неговата сопруга, Фани, го разбудила, но тоа не му се допаднало. Тој ѝ рекол:rn
„Зошто ме разбуди? Сонував одлична морничава приказна.“
rnИзлегло дека овој кошмар му ги решил проблемите. Тој го запишал својот сон кој подоцна се претворил во популарната книга.rn
8. Филмот „Почеток“ (Inception) на Кристофер Нолан
rn
rnrnМожеби не е чудно што познатиот филм за соништа е инспириран токму од нив. Филмот не потекнува од еден сон. Според Нолан, идејата ја добил од неколку луцидни соништа, односно соништа кои можете да ги контролирате и менувате. Се разбира, најважното нешто во луцидните соништа е да бидете свесни дека сонувате, со цел да разликувате сон од реалност. Искуството на Нолан со ова разликување го инспирирало да го направи главна тема во филмот.rn
9. Книгата „Франкенштајн“ (Frankenstein) од Мери Шели
rn
rnrnМери Шели присуствувала на забава организирана од лордот Бирон. Иако било лето, вулканска ерупција го блокирала сонцето и ова ставило крај на сончевиот ден. Групата од забавата требало да најде нов начин да го помине времето. Тие почнале да си кажуваат страшни германски приказни. Инспирирана од ова, Мери им рекла на сите да измислат нивна приказна според оние што ги имале прочитано. Истата ноќ, Мери сонувала за луд научник кој сакал да си игра Бог со тоа што ќе направи нова човечка раса. Овој сон се претворил во неверојатната книга која е позната и денес.rn
10. Хитот „Yesterday“ на The Beatles
rn
rnrnНајпознатата песна на светот му се „појавила“ во сон на Пол Макартни. На почетокот тој не го знаел ова. Се разбудил со мелодија која му се повторувала, за која мислел дека ја слушнал негде. Но колку и да се обидувал, не можел да се сети од кој и каде ја слушнал. За да ја реши мистеријата, тој ја отсвирил мелодијата на пијано и ги запишал нотите. Потоа им ги дал на пријателите и ги прашал кој е изведувачот на песната. Некое време тој не верувал дека мелодијата е плод на неговата потсвест.rn
„Но не е можно да сум ја напишал бидејќи ја сонував.“
rnКога станало јасно дека песната не е на никој друг, бендот ја објавил. Оригиналниот наслов бил „Scrambled Eggs“, а вториот стих бил „Oh, my baby, how I love your legs“. Со тек на време текстот се претворил во „Yesterday“ која ја знаеме денес.rnrnДоколку имате интересни соништа но не можете да ги запомнете, овие трикови ќе ви помогнат во тоа.
