Доколку меѓу вас сè уште има такви кои се прашуваат дали го одбрале висинскиот пат во кариерата, не грижете се, има и друга опција. Можете да се откажете од секојдневното гледање во бројките во вашите Ексел табели, бидејќи наместо тоа, би можеле да правите пари од составување перфектни твитови за брендови.rnrnrnrnДа, луѓето всушност би ви платиле да твитате позитивни работи за нивните производи или кампањи и по сè изгледа, сумите не се воопшто лоши.rnrnНие го пробавме калкулаторот и излезе дека би можеле да заработуваме помеѓу 40 и 50 долари по твит.rnrnКликнете за да ја пресметате вашата вредност по твитrnrnЗемајќи предвид дека еден профи твитерџија би можел да спука стотици пораки од 140 карактери на ден, парите би можеле брзо да се натрупаат.rnrnСекако, тука е и опасноста да изгубите голем број следачи, а со тоа и да ја намалите вредноста на вашиот профил доколку продолжите да објавувате рекламни твитови, па само од вас би зависело колку твитови сакате да продавате.rnrnСпоред Webfluential, креаторите на калкулаторот за пресметка на вашата вредност, сè што треба е да го внесете вашето корисничко име во пресметувачот. „Од тука натаму, ние пресметуваме колку пари би можеле да заработувате по твит и со тоа сонот да бидете социјално влијателни (и да сте платени за тоа) би можел да стане реалност.“