10 работи што децата родени во 2018-та година можеби никогаш нема да ги искусат

Сподели

rn

Реклама

6. Тивка околина

rnЗголемувањето на населението е еден од факторите што го спомнуваат експертите кога зборуваат за населување на други планети. Урбанистичкото ширење е проблем на Земјата со децении поради што губиме многу шуми и простор за одгледување храна. Експертите се загрижени дека вревата можеби ќе стане следната причина за здравствена криза. Едно истражување покажало дека до 2100-та година 84% од населението ќе живее во градови опкружени со голема врева. Ова значи дека децата кои се родени денес нема да знаат како изгледа убавината на тишината.rn

7. Светски глад

rnУрбанизацијата можеби го ограничува просторот за одгледување храна, но благодарение на иновациите во агрикултурата гладот веројатно ќе стане проблем од минатото. Урбаното фармерство се развива многу брзо и носи свежи производи во места кои немале пристап до нив. Вертикалното фармерство исто така зема сè поголем замав, па со него може да се намали гладот во многу урбани средини. Во меѓувреме компаниите се обидуваат да најдат начин да го намалат фрлањето храна. Ако овие иновации продолжат да се подобруваат, децата од 2018-та година ќе живеат во свет каде што секој човек на Земјата има пристап до здрава и свежа храна.rn

8. Банкноти

rnПојавата на кредитните картички беше првиот чекор кон отстранување на кешот, но не и последен. Денес постојат многу опции за плаќање без кеш, а децата родени во 2018-та сигурно ќе имаат уште повеќе, па банкнотите целосно би исчезнале од употреба. Денес сè попопуларни стануваат и криптовалутите кои можеби ќе почнат да ги користат сите во иднина.rn

9. Дигитална несигурност

rnДигиталната безбедност денес е голем проблем. Хакирањето може да се изведе на интернационално ниво, а со развитокот на технологијата мета на хакерите може да бидат и најосновните домаќински апарати. Експертите постојано пробуваат да ја зголемат онлајн безбедноста, но за жал овие одбранбени системи зависат од софтвер со енкрипција кој може да се пробие. Развитокот на квантните компјутери ќе ја зголеми моќта на овие направи, а со ова ќе следуваат и подобри системи за заштита.rn

10. Компјутери со еден екран

rnДодека повеќето од дигиталните направи денес користат еден рамен екран, интерфејсот на идните корисници ќе биде многу подинамичен. Децата родени оваа година може и нема да се сеќаваат на периодот кога сме биле ограничени на само еден екран и една тастатура. Развитокот на виртуелната реалност ги поместува границите на технологијата. Препознавање на гестикулации, процесирање на јазик и други технологии ќе ни овозможат многу пореална интеракција со нашите направи.

Погледнете и како би изгледале состанувањето и врските во иднина.

Популарно

Може ќе ве интересира