Дали некогаш сте се прашувале кои од технологиите кои ги гледаме во филмовите би станале дел од секојдневниот живот? Технологијата навистина ќе ни го олесни животот, а веќе сме сведоци на тоа. Денес имаме производи за кои само можевме да сонуваме пред 10 години. Бидејќи напредокот на технологијата има влијание во секој аспект од нашите животи, погледнете како би изгледале врските и состанувањата во иднина.rn
1. Направи за виртуелна реалност
rn
rnrnЗамислете си дека разговарате со некоја девојка, и одеднаш таа почнува да ве провоцира. Девојките знаат да го прават ова за да ги тестираат реакциите на мажот. Таа чека одговор кој ќе одлучи за нејзината иднина. Се разбира, секој од нас сака малку помош за да го направи разговорот пријатен. Гугл, Епл, и некои други компании работат на направи кои ќе ја направат виртуелната реалност дел од нашите животи. До 2040 година ќе можеме да користиме очила, контакти леќи и што уште не кои ќе ни помогнат во интеракцијата и врските со другите.rn
2. Далечинско бакнување
rn
rnrnДали сте на бизнис патување и навистина ви недостига партнерот? Сега ќе можете да го бакнете кога и да посакате. Оваа направа постои и денес. Нејзината цел е симулација на бакнеж со партнерот кој е далеку. Направата има посебни сензори, па чувството би требало да биде навистина реално. Засега е направен само прототип, но експертите се убедени дека во иднина ќе постојат не само направи за бакнување, туку и за интимна симулација.rn
3. Виртуелно состанување со сите сетила
rn
rnrnДенес истражувачите ја разгледуваат можноста за виртуелно состанување во кое ќе бидат вклучени сите сетила. Значи ќе нема потреба да го напуштите вашиот дом или кревет за да отидете на состанок. Ќе можете дигитално да ги симулирате вашите чувства и емоции преку посебни направи. Оваа технологија ќе им помогне на луѓето да наоѓаат партнер на најефикасниот начин. Можеби звучи чудно, но сигурно и луѓето од минатото би сметале дека нашите денешни навики за состанување се чудни.rn
4. Состанување со костими
rn
rnrnЗголемената популарност на маскирањето ќе го зголеми играњето улоги во врските. За да направат пауза од секојдневниот живот, многу луѓе одат на вакви собири и стануваат дел од вакви заедници. На овие настани тие можат да станат личности кои не се во реалниот свет. Па ако сте Супермен, со кого би сакале да се состанувате? Група програмери направиле веб-сајт кој ги спојува луѓето според нивните интереси и според тоа во кој измислен универзум би сакале да живеат. Во иднината, маскирањето и играњето улоги ќе станат уште пораспространети.rnrnПродолжува на следната страница…rn