КАФЕ ПАУЗА

Како да бидете понезависни?

Како да бидете понезависни?

Written by

in

,

Дали премногу се потпирате на семејството и пријателите кога се во прашање вашите обврски? Ако тоа е така, време е да станете малку позависни. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа.rnrnКако да бидете понезависни?rn

1. Глумете независен став

rnПрифатете го фактот дека никој нема да ви помогне за ништо. Оставени сте сами на себе. Важно е да размислувате на овој начин, бидејќи ако постојано мислите дека има на кого да се потпрете, само ќе чекате и нема да правите ништо. Па, глумете го овој став, сѐ додека не постане реалност. Замислете си дека сте сами во голем град и не познавате никој. Што и да сакате, ќе мора да го направите сами.rn

2. Едномесечен предизвик

rnМожеби се плашите, но единствениот начин да го победите стравот е да се соочите со него. Секој ден правете по една работа од која ви е страв. На лист хартија запишете активности кои би сакале да ги направите сами. Дадете си еден месец. Не грижете се за резултатите, само правете нешто. Секој ден запишувајте што сте постигнале. Ова е најдобар начин за добивање храброст и самодоверба. На пример, ако се плашите да пазарите сами, поставете си цел и правете го тоа во наредните 30 дена. Ќе сфатите колку непотребно сте се плашеле и ќе се чувствувате спремни за уште такви победи.rn

3. Учете од грешките

rnСекој експерт некогаш бил почетник. Нормално е да правите грешки кога учите нешто ново. Впрочем од нив и најмногу се учи. Не сфаќајте ги лично таквите моменти. После сѐ, не мора по секој предмет секогаш да добивате максимум бодови. Само треба да се обидувате и постојано да работите. Трудете се, додека не успеете.rn

4. Славете го и најмалиот успех

rnСте успеале да го пребродите стравот од пазарење сами? Честитки! Запишувајте си ги овие мали, но значајни успеси и не ги заборавајте. Натерајте се себеси да го прославувате и најмалиот успех. Таквите резултати покажуваат дека навистина сте способни да направите нешто ново и да успеете во тоа. Нареден пат, кога за некоја потешка задача, ќе почувствувате недостаток на самодоверба, само потсетете се на сите досегашни испишани успеси и самоуверено продолжете напред.rn

5. Градете навики

rnЕдномесечните предизвици се супер. Но, важно е по завршувањето на тој месец да не се вратите на старо повторно. Морате самите да си ги исполнувате обврските, секогаш кога тоа е возможно. Секако, ова не значи целосно да се изолирате и да функционирате осамено, но ќе сфатите дека стекнувањето независност е прекрасен процес кој ќе ви ги отвори очите за сите ваши неоткриени потенцијали.rnЗа крај, ако не станете независни, никогаш нема да дознаете за што сѐ сте способни!