Заврши ерата на тангата, а бабините гаќи се повторно ин! Според американската истражувачка компанија „NPD Group“, продажбата на танга гаќичките опаднала за 7% минатата година, додека продажбата на машките шорцеви, килотите и гаќичките со висок струк се зголемила за дури 17%. Точно така девојки, удобните гаќички се повторно модерни. И еве ви листа од 10 причини зошто треба да ги носите.rnrn
rn
1. Тие се кул
rnНикогаш не би помислиле дека зборовите кул и бабини гаќи ќе се најдат во иста реченица. Бернардет Кисејн, аналитичар на продажби во „Евромонитор“ – фирма за истражување на пазарот, открива дека гаќичките кои го прекриваат задникот се фаворити меѓу младите. „Завршија петте минути слава на тангите“ – вели таа.rn
2. Идеални се за „оној период од месецот“
rnКако ќе ги залепите крилцата ако нема на што да се залепат? Ете уште една причина зошто треба да носите бабини гаќички.rn
3. Ги има со секаков дизајн
rnТангата е премногу мало парче за да може да прикаже принт од омилениот збор или дезен со вашиот омилен лик од цртаните филмови. Затоа пак, на бабините гаќички може да се нацртаат сите седум кралства од Вестерос (фановите на Игра на тронови знаат) и сѐ уште да има место да се претстави земјата после Ѕидот.rnrn
rn
4. Не предизвикуваат болка
rnБез разлика колку се убави тангите, тие навистина предизвикуваат непријатни болки. Кај бабините гаќи го немате тој проблем и можете да уживате во комфорот колку што сакате.rn
5. Тие се многу поздрави
rnБидејќи тангите се многу тесни во пределот на препоните, материјалот многу лесно може да се поместува меѓу ректумот и вагината – што значи и бактериите се шетаат со нив.rn
6. Тие се секси
rnИако ги нарекуваме бабини гаќи, тие го поткреваат задникот, ги нагласуваат вашите облини, имаат многу различни дизајни и да, секси се. Сигурно сте ги виделе фотографиите од пин-ап заводничките од 50-тите. Нема ништо „бабино“ кај нив, така?rnrn
rn
7. Не морате да се депилирате
rnКога носите гаќички кои го покриваат задникот, не морате да се грижите за срамните влакненца кои ѕиркаат од рабовите. Ја имате целата слобода на светов.rn
8. Линиите што се познаваат од гаќичките и не се толку страшни
rnЗошто да се движите со болки и непријатно чувство кога постојат гаќички со тенки рабови благодарение на кои линиите воопшто не се познаваат?rn
9. Дури и мажите сметаат дека тангите се нелогични
rnrnrnЈутуб комичарот Роби Ширард има објавено видео во коешто се обидува да ги разбере танга гаќичките. Некои од неговите забелешки се од типот: „Прво мислев дека е ремче за кучиња“, „Ова е всушност ланче за препоните“, „Сум видел фломастери со повеќе материјал од ова.“ Па во право е. Тангите се апсурдни, а работите стануваат уште посмешни кога ќе се сетиме дека ги носиме за да ги задоволиме мажите.rn
10. Удобни се
rnЕ поголема причина од оваа навистина не ви е потребна. Нивната удобност е единствената и најважна причина зошто треба да ги носите. А кога ви е удобно се чувствувате супер и изгледате супер.