Есента ни пристигна, а температурите од ден во ден се сѐ пониски. Сѐ почесто остануваме дома, а наскоро ќе се топлиме со врел чај во комбинација со омилените џемови. Нашите баби, кралици во мини производството на џемови, секогаш знаат да нè развеселат со тегла домашен џем. Иако ги обожаваме, време е сами да направите џем и тоа без многу шеќер.rnrn
rnrnЧиа семките станаа чест гостин во нашите чинии и смудиња. Веќе сме добро запознаени со нив, па затоа е време да научиме и како да направиме џем со чиа семки. Ова суперхрана е богата со незаситени омега-3 масни киселини, протеини и хранливи влакна. Звучи сјајно и не бара никаков кулинарски талент.rnrnВи го откриваме рецептот за чиа џем кој одлично ќе се вклопи во здравата и правилна исхрана.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 350 грама од вашето омилено овошје
- 1 до 2 лажички мед
- Сок од лимон
- 2 лажици чиа семки
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИсечкајте го овошјето на мали парчиња и ставете го во тенџере на 5-10 минути, односно додека овошјето не почне да се претвора во кашеста маса. Додајте 1-2 лажици мед и сок од лимон (количината на мед и лимон може да се разликува во зависност од киселоста на овошјето и личниот вкус). Потоа ставете го и чиа семето. Почекајте 5 минути додека смесата не се згусне, а откако ќе се олади ставете ја во теглички.rnrn
rnrnЧиа џемот е идеален за подготовка на колачи, за појадок со јогурт, каша или мусли, но може да се користи и на традиционалниот начин, односно намачкан на парче леб.rnrnДоколку обожавате да консумирате слатки задоволства во текот на зимата, тогаш погледнете го најлесниот рецепт за домашен џем од јагоди.