КАФЕ ПАУЗА

10 причини зошто треба да ги замените пластичните кеси со платнена торба

10 причини зошто да ги замените пластичните кеси со платнена торба

Пластичните кеси се навистина погодни за пренесување на продуктите од продавницата до дома. Тие се дел од нашиот секојдневен живот, па ретко размислуваме за нив. Иако овие кеси се навистина практични, нанесуваат многу штета на животната средина, како и на нашето здравје. Поради ова многу градови ширум светот ја забранија нивната употреба. Следниве причини ќе ве убедат и вие да се ослободите од пластичните кеси и еднаш засекогаш да ги замените со платнени торби за шопинг.rnrn10 причини зошто да ги замените пластичните кеси со платнена торбаrn

1. Пластичните кеси ги загадуваат водите и копното

rnБидејќи се многу лесни, овие кеси лесно минуваат големо растојание по воздушен или воден пат. Често се закачуваат на гранките од дрвата, патуваат по површината на водата и на овој начин го загадуваат опкружувањето.rn

2. Направени се од необновливи извори и имаат влијание на климата

rnПовеќето од овие кеси се направени од материјал добиен од нафта и природен гас. И двата материјали се необновливи ресурси и нивното извлекување предизвикува глобални климатски промени. За производството на 9 пластични кеси потребна е исто толку енергија колку што би потрошил автомобил за возење еден километар.rn

3. Пластичните кеси остануваат во природата

rnИако пластичните кеси се разградуваат, кога ситните честички ќе стигнат во океанот продолжуваат да опстануваат во телата на други живи битија. Според процените, по површината на океанот пловат околу милион штетни честички настанати од разградувањето на пластичните кеси.rn

4. Штетни се за животните

rnРазградените честички од кесите често завршуваат во храната на малите животни. Поради ова тие можат да страдаат од инфекција или да бидат отруени.rn

5. Штетни се за здравјето на луѓето

rnПластичните кеси содржат хормонски хемикалии кои се штетни за човечкото здравје. Преку синџирот на исхрана, овие штетни материи стигнуваат и до нашиот организам и го загрозуваат нашето здравје.rn

6. Имаат своја цена

rnКај нас пластичните кеси се наплаќаат. На местата каде што се бесплатни, нивната цена е вметната во производите.rn

7. Тешко се рециклираат

rnПовеќето објекти за рециклирање не ги исполнуваат условите за рециклирање пластични кеси, па затоа и не ги прифаќаат. Од пластичните кеси се рециклираат само 5%.rn

8. Овие кеси подразбираат екстремни трошоци

rnПластичните кеси предизвикуваат многу надворешни трошоци кои често не ги земаме предвид. Овде спаѓаат негативното влијание врз животот, оштетувањето на животната средина и загрозувањето на флората и фауната.rn

9. Постои поквалитетна алтернатива

rnКога користењето на платнената торба ќе ви стане навика, ќе се убедите во нејзината предност. Пред сè, платнените торби се многу поиздржливи. Покрај тоа нивната голема побарувачка ќе отвори работни места за повеќе луѓе.rn

10. Многу земји ја забранија употребата на пластични кеси

rn40 држави ширум светот ја забранија употребата и производството на пластичните кеси. Оваа забрана се препорачува и на глобално ниво.rnrnЗа да ја зачувате околината, погледнете кои се видовите пластика што треба да престанете да ги употребувате уште денес.