КАФЕ ПАУЗА

10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светот

Дали знаете дека постои „златна крв“ или дека Мерцедес има автомобили со тајна технологија што се активира пред несреќа? Дали сте слушнале дека токму во овој момент луѓето аплицираат за да станат жители на вселенска станица? Ако одговорот е не, подгответе се да бидете изненадени со овие неверојатни факти.rn

1. Најгласно кажаниот збор е „Тишина“

rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrnОвој необичен рекорд ѝ припаѓа на наставничка од основно училиште во Белфаст, Ирска. Во 1994-та година, госпоѓицата Гланган го поставила рекордот кога извикала „Тишина!“ со јачина од 121,7 децибели, звук посилен од она што го слушате на рок концерти. За среќа на нејзините ученици, никогаш не го користи ова тајно оружје за време на часовите.rn

2. Термалните извори Такини во Канада одржуваат годишен фестивал за замрзнати фризури

rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrnСекоја зима посетителите на термалните извори Такини скокаат во топлата вода со температура од 37,7 степени Целзиусови и ѝ дозволуваат на косата да им замрзне на надворешната температура од -30 степени Целзиусови. Потоа ги фотографираат нивните интересни и чудни фризури.rn

3. Некои автомобили на Мерцедес пуштаат „розов звук“ пред несреќа

rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrnСистемот е наречен „Pre-Safe“. Кога сензорите на возилото ќе забележат судир, системот ја пушта „розовата врева“ која ние речиси и да не можеме да ја слушнеме, и таа создава напнатост во мускулите на ушите. Овој систем му помага на возачот да ја избегне несреќата или да го спаси неговиот слух.rn

4. Според Гордон Рeмзи, постојат само 5 оброци коишто секој треба да знае да ги подготви

rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrn1. Голем хамбургер. Бидејќи сите сакаат хамбургери.rnrn2. Здрав појадок. Појадокот е особено важен за почетокот на добар ден, па поради ова треба да биде вкусен и здрав.rnrn3. Чорба. Ова е оброк што можете да го подготвите во кој било ден од неделата.rnrn4. Оброк со пилешко. Постојат дузина начини да го подготвите пилешкото и оди одлично со секаков прилог.rnrn5. Добар десерт. Тортата што сте ја направиле вие ќе ви биде многу повкусна од купената.rn

5. Во текот на Првата светска војна, Германците, Французите и Британците користеле шупливи дрва за шпионирање

rn10 неверојатни факти што ќе го променат начинот на којшто го гледате светотrnrnПрво столарите правеле посебни скици и мереле дрва што растат во близина на непријателската територија. Потоа правеле идентична копија на измереното дрво. Во текот на ноќта, тим инженери ја изведувал операцијата и го заменувале дрвото со лажно. Во лажното дрво се криел војник кој внимателно ги забележувал движењата на непријателите.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn