КАФЕ ПАУЗА

10 необични обичаи ширум светот за посакување добредојде на новороденчињата

10 необични обичаи ширум светот за посакување добредојде на новороденчињата

Дали сте знаеле дека постојат средини каде што пораѓањето го сметаат како нешто што ја прави жената нечиста? И зошто некој би сакал да го бања своето дете во ледена вода? Ова се само дел од необичните обичаи кои го следат раѓањето на детето ширум светот.rnrn10 необични обичаи ширум светот за посакување добредојде на новороденчињатаrn

1. Погребување на плацентата

rnОва е само еден од многу интересните обичаи на индонезискиот остров Бали, но дефинитивно не е најнеобичен. Жителите на овој остров веруваат дека плацентата има сопствена душа која се однесува како ангел чувар на детето и токму затоа внимателно ја погребуваат на посебни гробишта.rn

2. Плацентофагија

rnКонсумирањето на плацентата по раѓањето на бебето се случува често во светот на животните, но тоа исто така може да се забележи и кај некои луѓе. Традиционалната кинеска медицина ја препорачува плацентофагијата иако мајките ретко ја јадат својата сопствена плацента. Овој обичај бил забележан и во Јамајка и во делови на Индија и Африка. Но, она што е најинтересно е дека во последниве години станува сè поголем хит ширум целиот свет.rn

3. Свадбена торта на главата на бебето

rnНекои парови во Ирска го чуваат последното парче од свадбената торта за крштавката на нивното дете, каде што тие ја поставуваат на главата на бебето со цел да му повикаат среќа. Некои од нив чуваат и неколку голтки шампањ од свадбата кој го посипуваат врз бебето за време на обичајот за крштавање.rn

4. Плукање по бебето

rnНародот Волоф, кој живее во Мавританија и околните земји веруваат дека плунката во себе ги содржи нашите зборови, па токму затоа постои обичај да се плука по новороденчињата со цел да се овековечат благословите. После секое плукање следува триење на плунката врз бебешката глава.rn

5. Бањање во ледена вода

rnЗа да не им биде топло на новороденчињата и со цел да се заштитат од осипи, Маите ги бањаат своите бебиња во ледена вода. За децата ова искуство е исклучително непријатно, но дури и покрај нивниот непрекинат плач, мајките веруваат дека на овој начин им помагаат полесно да заспијат.rn

6. Изолирани мајки

rnКалашите, кои живеат во северен Пакистан, имаат обичај да ги тераат трудниците откако ќе започне породувањето да се тргнат од нивната фамилија, бидејќи веруваат дека жената е нечиста во моментите додека доведува дете на овој свет. Породувањето се одвива во куќа која е исклучиво намената за жени кои раѓаат деца и за жени на кои им започнал месечниот циклус. Во овие куќи на тие кои се породуваат може да им помогнат само оние жени кои во тој момент имаат менструација. На останатите жени им е забрането да се приближат, додека пак мажите воопшто не им се приближуваат со цел да не го почувствуваат мирисот кој го следи породувањето.rn

7. Непријатно добредојде

rnВо Северна и Јужна Кореја многу често неизоставен дел од породувањето е присуство на жена која се нарекува Самшин Халмон и која го удира бебето по задникот веднаш по породувањето со цел да му даде до знаење дека се наоѓа во сосема нов свет. Но, она што е уште поинтересно е фактот дека малите од Северна и Јужна Кореја се раѓаат со син белег (монголска флека) на овој дел од телото.rn

8. Моќта на бојата

rnВо Бразил, родителите многу често ги облекуваат своите новороденчиња во црвена облека бидејќи веруваат дека оваа боја ќе им донесе многу среќа, но и дека ќе ги заштити од погледи кои предизвикуваат „уроци“.rn

9. Голема прослава

rnСедмиот ден по доаѓањето на детето на овој свет, се одржува Себу, прослава која се смета за една од најстарите египетски обичаи. Таа започнува со ритуално капење на бебето и облекување во бел памучен фустан. Мајката и другите жени од фамилијата почнуваат да подготвуваат богата гозба, додека бебето лежи во декорирана корпичка на свечено место. Важен дел од овој ритуал е акика, односно жртвувањето јагне.rn

10. Ритуал во Србија

rnВо Србија, најмногу во руралните средини, постои традиција да не се изнесува од куќата ништо додека бебето е сè уште мало. Овој обичај потекнува од прастариот обичај со соседите да не се споделува оган бидејќи на тој начин куќата ќе биде темна и бебето со својот плач ќе повика зло.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn