КАФЕ ПАУЗА

10 необични факти за кралското семејство што сигурно не сте ги знаеле досега

10 необични факти за кралското семејство што сигурно не сте ги знаеле досега

Помеѓу кралските семејства ширум светот, најпознато е британското. Луѓето од целиот свет ги гледаат животите на кралицата Елизабета, нејзините деца, нејзините внуци и нејзините правнуци. Но сепак, сè уште постојат некои факти кои најверојатно не сте ги знаеле.rn

1. Колку членови има кралското семејство?

rn10 необични факти за кралското семејство што сигурно не сте ги знаеле досегаrnrnВкупно 15 луѓе му припаѓаат на кралското семејство. Тие се: Елизабета Втора и нејзиниот сопруг Филип, нивните деца (Чарлс, Ан, Ендру, Едвард), нивните внуци (Вилијам, Хари, Беатрис, Јуџин, Џејмс, Луиз), нивните правнуци (Џорџ и Шарлот) и сестрата на кралицата – Маргарет. Покрај нив уште 15 луѓе ѝ се роднини на кралицата, но тие немаат титули.rn

2. Што прави кралицата во текот на денот?

rn10 необични факти за кралското семејство што сигурно не сте ги знаеле досегаrnrnКралицата се буди во 7:30 часот наутро, пие чај без шеќер и јаде колачиња со млеко. Бидејќи вкусовите на кралското семејство се чуваат во тајност, тешко е да се каже кој ѝ е омилениот бренд чај на кралицата. Во 8:30 Елизабета појадува со нејзиниот сопруг во трпезарија која гледа кон градината на Бакингемската палата. Обично јадат мусли, јогурт и тост со јаворов сируп или мармалад. За време на појадокот, кралицата чита весници.rnrnПотоа кралицата има собир со нејзините асистенти и дискутираат за разни прашања. Исто така ја дискутираат поштата на кралицата што ја чита самата (200-300 писма дневно). Потоа до доцна навечер Елизабета е зафатена со состаноци и настани.rnrnПред да си легне кралицата се справува само со нештата од национална важност – ги чита сите документи со важни теми што ги добива во црвена актовка, секој ден.rn

3. Омилениот накит на Елизабета

rn10 необични факти за кралското семејство што сигурно не сте ги знаеле досегаrnrnБисерниот ѓердан ѝ е еден од омилените парчиња накит на кралицата. Кога имала 10 години, го добила ѓерданот како подарок од нејзиниот дедо Џорџ Петти. Подоцна кралицата Марија, бабата на Елизабета, ѝ дала бисерни обетки.rn

4. Традицијата за менување на името пред седнување на тронот

rn10 необични факти за кралското семејство што сигурно не сте ги знаеле досегаrnrnУште од древните времиња монарсите од разни држави ги менувале нивните имиња пред да седнат на тронот. Оваа традиција е честа и во Велика Британија. Па, пред крунисувањето кралицата Викторија била принцеза Александрина, а кралот Џорџ бил Алберт. Елизабета се одлучила да си го зачува името.rnrnМногу поддржувачи на традицијата се сеќаваат на изборот на кралицата. Во 2002-ра година на 50-тата годишнина од нејзиното крунисување, Елизабета добила неколку писма од Шкотската национална партија. Членовите на партијата инсистирале кралицата конечно да го промени нејзиното име.rn

5. Недоразбирање за титулите

rn10 необични факти за кралското семејство што сигурно не сте ги знаеле досегаrnrnЕлизабета често ја нарекуваат кралица на Англија, но тоа не е баш точно. Како прво, таа е монарх на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а Англија е само дел од целата држава. Покрај тоа, британските монарси владеат и во некои други држави – Австралија, Бахами, Барбадос, Белизе, Канада, Нов Зеланд… Кралицата Елизабета е кралица на вкупно 16 држави.rnrnИма и многу недоразбирања во врска со принцезите. Луѓето почнаа да ја нарекуваат Дијана принцеза веднаш по бракот. Но, Дијана не е родена во кралско семејство, па според правилата нејзината титула е „Нејзиното височество принцезата Чарлс од Велс“.rnrnСопругата на Вилијам, Кејт Мидлтон исто така не е принцеза. Таа е венчана со војводата од Кембриџ, па нејзината титула е војвотката од Кембриџ.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn