Сметувањето во вили и бунгалови над вода е наменето за оние со подлабок џеб, но ако веќе сте решиле таму да трошите пари, сајтот Price of Travel го направи изборот на 10 од нив во кои ќе си поминете најевтино. Цените се однесуваат на ноќевања во соба за двајца вон сезона.rn
Вилите на Златното палмино дрво, Малезија
rnНајевтините вили над вода се наоѓаат во Малезија, недалеку од Куала Лумпур. Двајца можат да преноќат овде за 118 евра.rnrn
rn
Гангехи Ајленд Ресорт, Малдиви
rnСоба за двајца во најевтините малдивски бунгалови над вода чини 137 евра. Ако некој патува сам, ќе треба да плати само 106 евра за една ноќ над чистата вода на Индискиот Океан.rnrn
rn
Корал Лоџ, Островите Сан Блас, Панама
rnОва тивко одморалиште содржи само шест бунгалови. Цените се движат од 183 евра па нагоре.rnrn
rn
Клуб Бали Хаи, Муреа
rnОсновачите на Клуб Бали Хаи тврдат дека тие ги измислиле првите надводни бунгалови. Без оглед на тоа дали се во право, цената од 189 евра за една ноќ ги прави најевтини во овој дел од Пацификот.rnrn
rn
Раијатеа Хаваики Нуи Хотел, Раијатеа, Јужен Пацифик
rnНа малото островче Раијатеа, кое е изгубено некаде во Јужниот Пацифик се наоѓа овој хотел чии соби се над вода. Ако се упатите натаму ви требаат 192 евра по ноќевање.rnrn
rn
Ентонис Ки Ресорт, Хондурас
rnБунгаловите не се далеку во океанот како кај другите примери од оваа листа, но сепак влегува во оваа категорија. Сместени се на приватен остров недалеку од брегот на Хондурас. Ноќевањето за двајца чини 206 евра.rnrn
rn
Отелито Десконсидо, Пуерто Валјарта, Мексико
rnЗа 206 евра можете да се сместите и во романтичниот Отелито Десконсидо на мексиканскиот брег. Хотелот се снабдува со енергија исклучиво преку соларни панели, така што гостите во некои вечери мораат да се потпрат само на свеќи, што и не им пречи многу.rnrn
rn
Еклипс де Мар Аквалоџ, Панама
rnНоќевањето над карипските води во Еклипс де Мар Аквалоџ е привлечно за оние со поавантуристички дух, поради разните спортски активности кои се нудат. Тоа чини 210 евра.rnrn
rn
Медхуфуши Ајленд Ресорт, Малдиви
rnВонсезонски аранжман на овој малдивски ресорт чини 213 евра. Сите 46 вили важат за доста големи за оваа цена.rnrn
rn
Велидху Ајленд Ресорт, Малдиви
rnМалдивскиот остров Велидху не е толку голем и гламурозен како другите од архипелагот, но затоа е поевтин. Двајца можат за 225 евра да ноќеваат овде и да уживаат исто колку и на околните островчиња.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
