КАФЕ ПАУЗА

Психологија на боите: Носењето на овие нијанси докажано го подобрува расположението

Психологија на боите: Носењето на овие нијанси докажано го подобрува расположението

Во деновите кога има недостаток на сонце и градските улици се обоени во сива боја, расположението на многумина е многу кревко и генерално лошо. Многумина ја гледаат зимата како период на хибернација и едвај чекаат да пристигне пролетта и летото. Но, тоа не мора да биде така.rnrnПсихологија на боите: Носењето на овие нијанси докажано го подобрува расположениетоrnrnМногумина тврдат дека решението за подигнување на расположението во зима е во облеката со светли бои, а целата теорија се нарекува „допаминско облекување“. Психологот и авторка на книгата „The Little Book of Colour “ („Мала книга за боите“), Карен Хелер, објаснува дека боите како жолта, розова, црвена, зелена и сина веднаш го подигнуваат расположението.rnrnСветлите бои веднаш го поткреваат нашиот дух. Нашата самодоверба расте кога се облекуваме од глава до пети во омилена светла боја што добро ни прилега, истакнува Хелер, додавајќи дека облекувањето во јарки и светли бои влијае на нашите емоции многу позитивно и делотворно.rnrnСпоред Хелер, нашите мозоци светлите бои најчесто ги поврзуваат со убавите спомени. Затоа, кога ќе облечете жолта облека, се чувствувате весело, а кога ќе се облечете во црно сте премногу сериозни.rnrnМожеби сакате да дознаете и во каква боја да се облечете ако сакате да ја добиете работата.rnrn