rn
6. Ампутирање на погрешна нога и прст без дозвола на пациентот
rn
rnrnВо февруари 1995-та година, д-р Роналдо Р. Санчез по грешка ја ампутирал здравата нога на 52-годишниот Вили Кинг. Санчез не прифаќал вина за случајот и ги обвинувал другите медицински лица што учествувале во операцијата. Тој изјавил дека не знаел дека работи на погрешна нога бидејќи и другата била заоблена и веројатно би требало да се ампутира во иднина. Тој ја изгубил својата дозвола во јули 1995-та година, кога го ампутирал прстот на ногата на Милдред Шулер без нејзина дозвола. Според Санчез, тој забележал дека имала заболена коска, па го пресекол прстот за да спречи инфекција.rn
7. Здрав пациент изгубил бубрег за време на непотребна операција
rn
rnrnНеименуван пациент во болница во Масачусетс останал со еден бубрег откако лекарите мислеле дека е некој друг. Вистинскиот пациент имал тумор на бубрегот кој требало да се отстрани. Грешката била откриена по операцијата. Иако и двајцата пациенти имале исто име, тие биле на различна возраст. Ако докторите обрнеле повеќе внимание, можеби грешката би се избегнала.rn
8. Здраво 1-годишно бебе по грешка добило френелектомија
rn
rnrnВо Тенеси едно здраво машко новороденче добило френелектомија, операција при која се отстранува ткивото што го поврзува јазикот со долниот дел на устата. Кога медицинската сестра го зела бебето, мајката не се посомневала бидејќи мислела дека станува збор за обичен преглед. Кога медицинската сестра почнала да ѝ ја објаснува процедурата, мајката сфатила за што станува збор. Кога лекарот сфатил дека оперирал погрешно бебе се извинил, но мајката сепак ги викнала своите адвокати.rn
9. Отстранети репродуктивните органи на жена наместо слепо црево
rn
rnrnВо 2015-та година, една жена од Велика Британија отишла во болница бидејќи имала болка во стомакот. Тестовите покажале дека треба да се отстрани слепото црево. Но, хирургот по грешка ѝ ги отстранил репродуктивните органи. Ова била 3-та грешка на хирургот во 2 години. Во септември 2013-та година тој отстранил сало од пациент на кој исто така требало да му се отстрани слепото црево. Кај друг пациент отстранил кожа наместо циста. Докторот се извинил, но добил забрана за оперирање пациенти.rn
10. Отстранување погрешен тестис
rn
rnrnВо 2013-та година, Стивен Хејнс имал закажано операција во Пенсилванија за отстранување на оштетен десен тестис. Но, лекарите по грешка му го отстраниле левиот. Докторот кој го оперирал изјавил дека ја направил грешката бидејќи тестисите на некој начин си ги смениле местата. Стивен ги тужел хирургот и болницата и добил 860.000 евра.rnrnПогледнете и кои се најсмртоносните болести низ историјата.
