Комедија која ни го покажува животот зад сцената на една позната теленовела и нејзината главна ѕвезда
rn
Главни улоги: Ева Лонгорија, Хенкарлос Канела, Дијана Марија РиваrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатори: Криси Пјетрош, Џесика Голдстејн и Роберт ХарлингrnrnПремиера: 7 декември 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАна Софија (Ева Лонгорија) е ѕвездата на хит теленовелата „Las Leyes de Pasión“, дури и покрај тоа што не знае ниту еден збор на шпански јазик. Таа мислела дека има сè и дека нејзината кариера од тука може да оди само нагоре, но телевизиската мрежа одеднаш ќе одлучи да го додаде нејзиниот бивш маж, Хави (Хенкарлос Канела), во шоуто, размрдувајќи го целиот нејзин свет. Тие сега мора да се натпреваруваат за кој ќе биде омилениот кај телевизиската екипа, како и кој ќе го добие главното место под сценските светла.rnrn
rnrnСтанува збор за една од оние американски ТВ серии чија приказна е составувана на истиот начин како познатите шпанските теленовели, па оттука и го добила своето име. Ева Лонгорија по 3-годишна пауза повторно се враќа на малите екрани, со нејзината препознатлива впечатливост и шарм, но овој пат во малку покомично издание отколку во „Очајни домаќинки“. Не можеме да кажеме дека оваа серија е нешто досега невидено, ниту пак, дека е урнебесна во однос на другите од овој жанр, но сепак е одлична за во оние моменти кога едноставно сакате да се насмеете, опуштите и да ги оттргнете вашите мисли од секојдневните грижи и проблеми.rnrn

