Убавината е во ситниците. Веруваме дека сте го забележале тоа досега. Од совршено средени веѓи, преку омилениот, дискретен сјај на усни, па сѐ до уредни нокти. Да, туку спаѓаат и негуваните раце. Бидејќи, за џабе е целата нега, доколку првиот контакт со луѓето го направите со неуредни раце. Затоа, денес ви откриваме неколку тајни на жените чии раце секогаш се убави, нежни и негувани, подготвени за ракување, поддршка, утеха и прегратка.
rn
1. Тие ја избегнуваат врелата вода
rnВеќе знаеме дека врелата вода ја суши кожата на рацете и влијае на тоа побрзо да се отстрани лакот на ноктите. Затоа, секогаш кога ќе бидете во можност, мијте ги со млака или ладна вода и на тој начин ќе го сочувате изгледот на вашите раце, но и нокти.rn
2. Тие секаде чуваат лосион за раце
rnБуквално насекаде – во кујната, покрај мијалникот, во бањата, покрај лавабото, во спалната соба, на ноќната масичка. Звучи опсесивно, но само така постојано ќе се присетувате на тоа дека не сте нанела лосион, бидејќи константната влажност и хидратација се клучни за убава и нежна кожа. Освен тоа, ова го забавува и стареењето на кожата.rn
3. Тие ги користат производите кои се наменети за лице во служба на рацете
rnПравевте пилинг на лицето? Искористете го остатокот за да ги освежите вашите раце. Сте нанесувале ноќна крема и ви останало вишок – намачкајте ги рацете. Секоја ситница помага.rn
4. Тие ги негуваат своите нокти
rnНоктите се составен дел од рацете, па затоа е важно да им посветите посебно внимание и на нив. Затоа, хранливите масла како што се кокосовото масло, бадемовото, маслиновото и слично, секогаш кога ќе бидете во можност нанесете ги на ноктите и нежно измасирајте ги. Така ќе го спречите создавањето на заноктици, а вашите нокти ќе бидат поубави и посилни.
rn
5. Тие не ги сечат заноктиците
rnЗаноктиците се негуваат, но никако не се сечат. Освен тоа, ноктите можете да ги негувате и со метален прибор со чија помош ќе ги поттурнете надоле заноктиците кои излегуваат за да исчезнат, а вашите нокти да бидат уредни.rn
6. Тие користат креми со заштитен фактор
rnКремата со заштитен фактор е задолжителна дури и за кожата на рацете, поточно за надлактиците, иако многу ретко обрнувате внимание на овој дел од телото кога се мачкате со крема за заштита од сонцето. Сепак, овде кожата е тенка и чувствителна, па задолжително е да ја „нахраните“ со соодветна крема со заштитен фактор.rn
7. Тие одат на маникир
rnМакар еднаш месечно, почестете се со маникир во салон, бидејќи освен тоа што ќе ги налакирате вашите нокти, ќе добиете и убави и негувани дланки. Не мора тоа да биде премногу често, но воведете го овој третман во вашата периодична бјути рутина, исто како што правите и со пострижувањето.


