КАФЕ ПАУЗА

Тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот мобилен телефон

Ако сте како повеќето луѓе на оваа планета, тогаш без сомнение го обожавате вашиот смартфон кој е толку многу светкав и совршен. Но, и покрај вашиот труд, вие едноставно сте го испуштиле од раце и тој паднал на тротоарот. Сега, неговиот екран е скршен, а вие се чувствувате како со него и вашето срце да пукнало. Ужасно чувство, се согласувате? Но, сте забележале ли дека постојат луѓе кои со години го користат својот мобилен телефон, без ниту една гребнатинка на него? Како ли им успева?rnrn(1) Тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот мобилен телефонrn

Тие го чуваат нивниот смартфон во нивната чанта

rnНе во задниот џеб од фармерките, ниту пак во градникот. Одберете мал џеб со патент во вашата чанта или торба за лаптоп каде што ќе бидете сигурни дека тој е сигурен и безбеден.rn

Тие избегнуваат вода по секоја цена

rnСигурни сме дека обожавате да се занимавате со вашиот смартфон додека ги миете садовите, но дали навистина верувате дека е добра идеја да балансирате помеѓу него и лавабото полно со вода? Најверојатно не. Размислете пред да го спуштите мобилниот каде било и можеби е време да престанете да го носите со вас и во бањата.rn

Тие носат заштита

rnТочно е дека таа огромна маска која спречува да ви се лизне мобилниот од раце го нарушува стилот на уредот, но зарем е тоа важно доколку успеете да ја зачувате неговата безбедност? Плус, како што поминува времето така излегуваат сè покреативни дизајни, меѓу кои и проѕирни, па сигурни сме дека би можеле да најдете нешто совршено за вашиот вкус.rnrn(1) Тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот мобилен телефонrn

Тие никогаш не пишуваат пораки додека одат

rnМожеби верувате дека сте мултитаскери, но кога пишувате додека пешачите најчесто се случува следново сценарио: Вие одите, одеднаш се сопнувате, вашиот смартфон лета од вашите раце и паѓа на земја, по што следуваат солзи во вашите очи. За вашиот мобилен да е безбеден, најубаво е да застанете или уште подобро, да седнете додека пишувате.rn

Тие имаат соодветно место за него во автомобилот

rnНикогаш не возете со мобилниот во скут, бидејќи е опасно и го одвлекува вниманието. Да не заборавиме и дека е забрането со закон. Од друга страна пак, постојат големи шанси и да заборавите дека сте го оставиле таму, па откако ќе паркирате и излезете од вашиот автомобил, тој да падне на земја. Токму затоа најдете соодветно место за него каде што ќе го оставате секогаш додека возите. Ова нека ви стане навика.rn

Тие го кријат од рацете на нивните деца

rnВашето 3-годишно дете сака да гледа Јутјуб? Или да направи милијарда селфиња? Освен ако не е безбедно наместено во мека околина со многу перници и меки теписи, вашиот телефон треба да биде што подалеку од него.rnrn(2)  Тие носат заштита  Точно е дека таа огромна маска која спречува да ви се лизне мобилниот од раце го нарушува стилот на уредот, но зарем е тоа важно доколку успеете да ја зачувате неговата безбедност? Плус, како што поминува времето така излегуваат сè покреативни дизајни, меѓу кои и проѕирни, па сигурни сме дека би можеле да најдете нешто совршено за вашиот вкус.