КАФЕ ПАУЗА

Подобрете ја вашата безжична конекција

Подобрете ја вашата безжична конекција

Подобрете ја вашата безжична конекцијаrnПозиционирајте го рутерот правилноrnrnБезжичниот сигнал нема голем дофат и сите ѕидови и поголеми предмети кои му стојат на патот можат да му попречат. Затоа најубаво рутерот  да го поставите некаде централно во вашата куќа, за да го добиете најдобриот можен опсег на сигналот. Бидете внимателни и на мрежите од соседите. Осигурете се дека користите посебен безжичен канал за да ја намалите инференцијата од соседните мрежи.rnПодобрете ја вашата безжична конекцијаrnrn rnrnЗаменете ја антената на рутеротrnrnПовеќето рутери на пазарот доаѓаат во пакет со мали антени кои се со универзален насочувачки капацитет. Овие антени емитуваат сигнал во сите правци што може да биде одлично доколку сакате да имате интернет низ цела куќа, но сепак нивниот досег е многу мал. Насочувачка антена може многу да го подобри опсегот, насочувајќи го сигналот во правец кој вие ќе го одберете. Овие антени се познати под името „high-gain“ (антени со висока добивка), а засилувањето на сигналот се изразува во децибели.rnПодобрете ја вашата безжична конекцијаrnrn rnrnКупете репетиторrnrnБезжичниот репетитор е лесен и сигурен начин да ја подобрите вашата конекција. Репетиторот работи многу слично како рутерот, но наместо да создава сигнал, тој само го пренесува веќе постоечкиот. Лесен е за инсталирање и за него нема потреба од додатни кабли и нова конекција. Повеќе репетитори можат многу лесно да направат куќата или деловниот простор да бидат целосно конектирани.rnПодобрете ја вашата безжична конекцијаrnrn rnrnНаправете засилувач за антенаrnrnМногу е едноставно да направите домашен рефлектор или антена за да ја засилите конекцијата. Со малку пребарување на интернет можете да најдете шаблони и упатства за правење вакви засилувачи со обични материјали, како што се картон и алуминиумска фолија. Тие можат да се употребат во сателитска форма или во вид на кутија од кафе. Во двата случаи, можат многу да го засилат и да го насочат досегот на вашиот сигнал, но резултатот ќе варира во зависност од квалитетот со кои се направени.rnПодобрете ја вашата безжична конекцијаrnrnНадградете го софтверотrnrnПроизводителите на рутери редовно објавуваат надградби за софтверот (firmware) за вашиот рутер за да можат да ви обезбедат подобри перформанси и пристап до нови функции. Исто така, можете да инсталирате сосема друг софтвер. Постојат голем број на слободни и безбедни алтернативи кои можат да бидат компатибилни со вашиот рутер.rnПодобрете ја вашата безжична конекција