Корисни совети и трикови за девојките со низок раст

Сподели

Гледајќи ги светските модни писти и високите манекенки, сите ние сакаме да бидеме неколку сантиметри повисоки. Девојките со низок раст често прават грешки во облекувањето и изборот на аксесоари што прави да изгледаат уште пониско. Погледнете ги овие совети и трикови кои ќе ви помогнат визуелно да ја издолжите вашата фигура.

Реклама

rn

1. Обувки

rnНајголемите грешки се прават при изборот на облеката и чевлите. Со желба штиклите од 12 см да ви ја издолжат фигурата го постигнувате токму спротивниот ефект. На овие девојки високите штикли не изгледаат многу убаво. Наместо нив, одберете штикли со оптимална висина (над 5 см), а не оние на кои ќе изгледате како да сте се качиле на столбови. Особено, избегнувајте ги чизмите над колена. За лежерни излегувања не избирајте рамни обувки, туку одберете некои со платформа, но да не биде премногу висока. Во тренд се патиките со платформа, кои би биле одличен избор.

rn

2. Фармерки и панталони

rnКога се во прашање фармерките или панталоните, никако не носете ги оние кои имаат должина до под колена. Тие се резервирани за жени со висок раст. Наместо нив носете сукњи или пак кратки панталони. Добар избор би била и облеката со вертикални пруги која визуелно ќе ве издолжи. Доколку сте слаби, тогаш носете залепени модели, никако широки и вреќасти.

rn

3. Блузи, кошули, јакни

rnКога станува збор за блузите, кошулите, капутите и јакните, избирајте модели кои досегнуваат до половината. Сите подолги модели визуелно ќе ви ја скратат фигурата и ќе ве „поклопат“. Изберете облека која е во иста нијанса (горниот и долниот дел) и потрудете се каишот убаво да се усогласи со целата комбинација.

rn

4. Накит, очила, чанти

rnЗаобиколете го крупниот накит. Наместо него, изберете дискретни парчиња. Ова исто важи и за очилата. Посебно внимание обрнете на изборот на чанти. Големите чанти никако не стојат на жените со низок раст. Потрудете се и најдете некоја со помали димензии која убаво ќе се вклопува во вашата фигура.

rn

5. Фризура

rnИ за крај, доколку се двоумите дали да ја скратите вашата коса, запомнете дека кратките фризури најдобро им стојат на жените со низок раст. Сепак, ако сакате долга коса, најдобро би било да ја врзете во високо коњско опавче или пунџа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира