Некои од новите филмови кои моментално се прикажуваат во киносалите како што се „Хобит“, „Џанго Разузданиот“, „Животот на Пи“ или „Скајфол“ траат по повеќе од 2 часа, а тоа е преголемо искушение за мочниот меур после толку испиени сокови, вода и изедени пуканки.rnrn
rnrnКрај на овој проблем става новата мобилна апликација „RunPee“ која на корисниците им овозможува да истрчаат до тоалетот, токму во моментот кога настапува најнеинтересниот дел од филмот. rnrn
rnrnОсвен тоа што оваа апликација идентификува сцени во траење од 3 до 5 минути, кои не се нешто многу интересни поради што можете безгрижно да тркнете до веце, истата и ви прераскажува што се случило на големото платно додека не сте биле во киносалата, во форма на кус синопсис.rnrn
rnrnЗа филмовите коишто траат 90 минути, имате една брза пауза, а за оние коишто траат преку 2 часа имате и до 3 паузи.rnrnАпликацијата „RunPee“ е достапна за Епл, Андроид и Виндоус телефони, а чини 0,99 долари од официјалниот сајт.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
