„Кој еднаш ќе се напие од изворот на Љубовта веќе не ќе може да ја згасне својата жед на други извори.“
rn
Коелјо, со својот специфичен начин на раскажување, или го сакате или сметате дека сосема одлепил и не знае што пишува. Кога ќе земете да читате некое негово дело, одберете го вистинското време и со сосем смирени и чисти мисли пристапете им на исткаените зборови од неговата рака. rnrn„Вештицата од Портобело“ би можеле да се обидете да ја класифицирате во многу жанрови, но никогаш нема да бидете цврсто убедени каде припаѓа. Би можеле да речеме дека е роман кој ја воспева љубовта, но во никој случај не е љубовен роман со клише изрази од типот ме сака, не ме сака.rnrnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnАтена е девојка со циганско потекло, посвоена од страна на една Либанка и деловен човек од Бејрут. По избувнувањето на војната се преселува во Лондон каде студира. Но за кратко време се отпишува од факултет сакајќи да стане мајка и сопруга. Токму тоа и се случува, но нејзиниот брак набргу се растура.rnrnНема да помине долго пред Атена да започне да си го бара своето место под сонцето, трагајќи по смислата на животот и откривајќи ги своите природни моќи и дарби. Откако со солзи во очите ја напушта црквата бидејќи свештеникот одбива да ја причести поради тоа што е разведена жена, таа станува сè позаинтересирана за нејзиното духовно пронаоѓање.rnrnБидејќи и самата е благословена да биде мајка и да го чувствува мајчинскиот инстинкт, Атена набрзо тргнува на пат за да ја пронајде својата биолошка мајка и да разбере зошто била напуштена и оставена уште како бебе.rnrnСепак, ние можеме да го испланираме нашиот пат, но не значи дека ќе одиме по планот. Ова патување ќе ја одведе Атена до сосем поинакви станици и откритија, од корен изменувајќи го нејзиниот живот. Што е среќата? Љубов, мир, пари? Колку сме среќни? Колку сме исполнети ако непрестајно трагаме за повеќе, за погоре, за нешто помоќно, повозвишено?rnrn
„Сè што нè опкружува е Универзалната желба. Не е среќата, тоа е желбата. И желбите секогаш се нецелосни: кога ќе се остварат престануваат да бидат желби, нели?“
rn
rnrnНема сомнеж дека книгава ќе ве натера да размислувате длабоко, и тоа на толку многу теми. Коелјо допира до сржта на секојдневните проблеми и сомнежи на модерниот човек, како и предрасудите и стереотипите што ги имаме за другите, поткрепени од нашата желба за критика и осудување.rnrn
„Сенката е нашата темна страна, која ни кажува како треба да реагираме и да се однесуваме. Кога ќе се обидеме да се ослободиме од Личноста, палиме едно светло внатре во себе, и ги гледаме пајажините, кукавичлукот, бедотијата. Сенката е таму за да го спречи нашето напредување и обично успева, а ние веднаш стануваме тоа што бевме пред да се поколебаме…“
rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
