Еден маж од Кина кој бил загрижен за состојбата на уличните мачки во Пекинг, неодамна го направил првото засолниште за мачки со вештачка интелигенција. Уан Џи е компјутерски инженер кој отсекогаш ги сакал животните. Ги хранел уличните мачки и им давал вода. Оваа студена зима отишол чекор подалеку и сега уличните мачки од Пекинг имаат безбедно, топло и навистина интересно засолниште.rnrn
rnrnУан контактирал неколку волонтери кои згрижувале животни со цел да научи повеќе за животната состојба на уличните мачки. Тој открил дека повеќето од нив не живеат подолго од две години поради недостатокот од медицински надзор, бидејќи многу од нив имаат чести болести кои не се третирани. Неговите собрани податоци покажале дека само 4 од 10 мачки успеваат да ја преживеат студената зима. Засега се претпоставува дека околу 40.000 мачки живеат на улиците во Кина. Кога го сфатил ова, Уан решил да им помогне.rn
„На почетокот само сакав да им овозможам топло место во текот на зимата, со храна и вода што не е замрзната.“
rn
rnrnНеговиот проект набрзо пораснал и Уан создал технолошки напредно засолниште за мачки кое може да служи и како привремена ветеринарна клиника. Температурата во засолништето е 27 степени Целзиусови, а вратите се отвораат со помош на камери што препознаваат лица. Паметните камери можат да забележат и потенцијални проблеми со здравјето на мачките.rnrn
rnrnСо ова паметно засолниште управува тим волонтери кои се известувани за секој проблем. Податоците редовно се надградуваат, а волонтерите добиваат известувања во нивните канцеларии. Тие добиваат информација ако мачката има и некоја од честите болести. Засолништето може да покаже и дали мачката е стерилизирана или кастрирана.rnrn
rnrnНо мачките немаат само храна и вода во засолништето, туку имаат и играчки. Сепак, најважното од сè е што имаат каде да ги поминат студените зими и имаат тим од прекрасни луѓе кои доброволно се грижат за нив.rnrnДали знаете како мачките ја искажуваат нивната љубов?
