КАФЕ ПАУЗА

Никогаш не се вљубувајте во некој кој ве смета за обични

Никогаш не се вљубувајте во некој кој ве смета за обични

Никогаш претходно немало некој како вас и никогаш нема ни да има. Да, постојат луѓе слични на вас: Луѓе кои го носат истото име, можеби кои имаат иста форма на носот или слични способности, но сличностите немаат големо значење. Сличностите не можат да се споредат со индивидуалноста.rnrnТокму поради тоа што сте оригинални и неверојатни, никогаш не треба да се заљубите во некој кој ве смета за обични. Ниту за момент.rnrnНикогаш не се вљубувајте во некој кој ве смета за обичниrnrnКога сакате некого, нивната уникатност станува воочлива. За возврат, кога некој ве сака вас, сите неверојатни работи кои се дел од вас и ве прават поразлични од која била друга единка на светот, исто така стануваат видливи. Вие сте целосно отворени кога сакате и кога сте сакани, сите тие ваши посебни и уникатни карактеристики се претставуваат во вистинско светло. Во ваков случај како би можел некој да биде обичен?rnrnКако што Антоан де Сент Егзипери напишал во „Малиот принц“: „Ако ме скротиш, ние ќе си бидеме потребни еден на друг. За мене, ти ќе бидеш единствен во целиот свет. За тебе, јас ќе бидам единствена во целиот свет…“rnrnКон ова треба да се стремиме во љубовните врски. Треба да се стремиме кон тоа да сакаме и да бидеме сакани на начин кој би направил најголемите романтични приказни на сите времиња да изгледаат како едно големо ништо. Џеј Гетсби не се однесуваше кон Дејзи како да е обична, а и Џек Досон не ја сметаше Роуз за обична. Можеби за другите луѓе од првата класа на бродот таа беше обична и ништо поразлична од останатите, но кога некој вистински ве сака, вие не сте повеќе обични, барем не за нив.rnrnНикогаш не се вљубувајте во некој кој ве смета за обичниrnrnОва значи дека ако сте во врска во која партнерот ве третира како и сите други, ако не може да го види сјајот кој прави да блескате толку силно и се распространува со секое ваше вдишување и издишување, тогаш треба да се запрашате: Зошто сте во ваква врска?rnrnДали сакате да бидете заљубени во некој кој никогаш нема да ве погледне онака како што секој неверојатен човек заслужува да биде погледнат? Или, пак, повеќе би сакале вашето срце да затропа поради нешто друго? Доколку барате голема љубовна приказна, ќе го изберете второто.rnrnНе плашете се од тоа дека ќе бидете повредени. Сè е тоа дел од животот, уште едно искуство кое ќе ве направи силни и ќе ви помогне во личниот развој и созревање. Не плашете се да верувате во голема, вистинска љубов каква што гледаме на филмовите. Таа е возможна, само доколку храбро го отворите срцето и се осмелите да љубите безусловно и безрезервно.