Веќе ви е познато дека употребувањето на млекото за сончање во лето е нешто што никогаш не треба да се прескокне, доколку сакате да се заштитите од штетните влијанија на ултравиолетовите зраци. Но, постојат уште неколку интересни начини на кои можете да го одржувате здравјето, еластичноста и нежноста на вашата кожа. Во продолжение прочитајте ги 5-те совети за правилна нега на кожата за време на жешките летни периоди, кои можеби не сте ги знаеле.rnrn
rn
1. Помалку ексфолирајте
rnШеќерните, односно природните ексфолијации со шеќер се дозволени, но вештачките ексфолијанти треба поретко да се користат. Доколку се подготвувате за летен одмор и одење на плажа, тогаш избегнувајте ја нивната употреба бидејќи можат да ја зголемат вашата чувствителност на сонцето.rn
2. Зголемете го консумирањето на витамин Ц
rnКога сте изложени на сончевите зраци на подолг временски период, вие имате повисок ризик да го оштетите организмот со слободни радикали. Освен што треба редовно да го консумирате преку овошјето и зеленчукот, преку летните периоди, набавете серум од витамин Ц и секојдневно премачкувајте ја кожата за да се заштитите од надворешните влијанија и да го забавите процесот на стареење.rn
3. Премачкувајте се со млеко за сончање повеќе пати во денот
rnОсобено ако имате мрсна кожа. Природните масла ги уништуваат ефектите на млеката за сончање многу брзо, па затоа внимавајте на деловите на кожата кои можат да се измрсат – како вашето чело или носот. Доколку не сакате вашата кожа да сјае, тогаш млекото за сончање во форма на пудра или стик може да биде добра алтернатива.rn
4. Туширајте се со ладна вода
rnНе само што жешките тушеви се последното нешто што ви треба по деновите поминати на сонцето, туку тие дополнително и непотребно ја сушат кожата. Држете се до млаката вода и премачкајте се со млеко за тело или лосион по неколку минути, откако ќе ви се исуши кожата.rn
5. Почесто користете лосион или млеко за тело
rnНајважниот фактор во лечењето на раните како на пример, сончаницата и црвената кожа е ставањето лосион или млеко за тело. Дури и доколку не сакате да се мачкате со нив, посебно кога вашата кожа ве боли и пече, сепак обидете се да издржите бидејќи на тој начин изгорениците побрзо ќе исчезнат. Само запомнете да се држите до оние производи кои нема да ја иритираат вашата кожа.