КАФЕ ПАУЗА

Како да направите фотки за паметење?

Како да направите фотки за паметење

Written by

in

Сакате да им дадете професионален шмек на вашите фотографии? Кен Кобре, професор по фоторепортерство на државниот универзитет во Сан Франциско, објаснува дека посветувањето внимание на неколку детали може да направи многу голема разлика. Книгата на Кобре „Фоторепортерство: професионален пристап“ се изучува на повеќе од 125 универзитети низ земјата.rnrn

Претворете го вообичаеното во извонредно

rnrnДигиталната фотографија ви овозможува да правите многу обиди, така зголемувајќи си ги шансите да добиете перфектна фотографија.rn
rn

Првиот чекор за да постанете професионалец е да сликате двојно повеќе.“

rnrnКако да направите фотки за паметењеrnrnКобре презентира 10 совети за трансформирање на обидите во фотографии за паметење:rnrn

1. Доближете се

rnОва е совет од легендарниот воен фотограф Роберт Капа кој рекол:rn
rn

„Доколку твоите слики не се доволно добри, не си бил доволно блиску.“

rnЧесто клучот за да и дадете привлечност на фотографијата, е да му се доближите на субјектот и да ги фатите неговите детали, притоа оставајќи ги ирелевантните нешта во позадина.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

2. Кога фотографирате луѓе, имајте трпение

rnОставете време луѓето да се навикнат на вас, пред да почнете да сликате. Кога тие ќе заборават дека апаратот е тука, со сигурност ќе добиете поприродни и искрени слики.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

3. Пред да почнете да сликате, фиксирајте ја позадината преку визирот

rnОсигурајте се дека аглите и рабовите се интересни, не само централниот дел. Најдете интересни и комплементарни форми по должина на рабовите, за да бидете сигурни дека фотографиите нема да бидат досадни и пренатрупани. Откако ќе ја фиксирате позадината, поставете го субјектот и сликајте.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

4. Избегнувајте го „ефектот џунгла“

rnОва се случува кога околните форми и бои го преземаат вниманието од субјектот на фотографијата. Еден трик за изоставување на позадината надвор од фокусот е да останете блиску до субјектот и да му се доближувате.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

5. Не употребувајте блиц, доколку не е неопходен

rnСветлото изгледа неприродно и ги мие боите и цртите од лицата. Дигиталната фотографија нуди широк спектар на опции кои можат да ви помогнат да го извлечете максимумот во ситуации со послабо светло. Експериментирајте малку! Исто така земете ги предвид различните видови блиц, кои нудат поприродна светлина.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

6. Избегнувајте да сликате на отворено, среде бел ден

rnБлескавата дневна светлина е непријатна и го избледува вашиот субјект. Наместо ова, обидете се да го фатите вашиот субјект за време на изгрејсонце и зајдисонце кога има богати нијанси на бои и долги сенки. Доколку морате да сликате среде ден, поместете го вашиот субјект под сенка каде што нема да е директно изложен на сончевата светлина.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

7. Пробајте да сликате повеќе вечерни фотографии

rnНоќта нуди интересни сенки и светлина за да направите уникатни фотки. Навечер можете да го искористите блицот, уличното светло или пак празничните светилки доколку даваат задоволителна светлина. При недостаток на светлина можете да употребувате и триногарка за да дозволите подолга експозиција.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

8. За поинтересни слики, не инсистирајте луѓето да ви позираат

rnНаместо тоа, обидете се да ги фатите за време на некоја активност, така што фотографијата ќе кажува нешто за нивната личност или за нивните интереси.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

9. Доколку сакате субјектот да ви позира, оставете го да заземе комфорна, природна позиција

rnИзбегнувајте да фотографирате некој кој стои или седи исправено, затоа што овие напнати пози изгледаат непријатно и не кажуваат ништо за личноста.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

10. Доколку фотографирате портрет, вклучете предмет кој ќе кажува нешто

rnОмилениот предмет или играчка поврзана со хобито, навиките или бизнисот на субјектот ќе ви помогнат да ја комплетирате неговата приказна.rnrnКако да направите фотки за паметењеrnrnДодека дигиталните камери почнуваат да се употребуваат сè почесто, многу луѓе се запрашуваат дали дигиталното работи подобро од филмот. Кобре слика и со дигитален и со апарат кој работи на стандарден филм, велејќи дека и двата имаат свои предности.rn
rn

„Една голема предност на дигиталниот апарат е тоа што можете веднаш да го видите резултатот. Минус е што кај поевтините апарати, има задоцнување помеѓу притискање на копчето и замрзнување на сликата. Тоа го отежнува процесот на добивање искрени фотографии.“


rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn