КАФЕ ПАУЗА

Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук?

Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук

Written by

in

Сигурно имате барем неколку пријатели кои редовно ве нервираат со здодевните барања за разни игри и апликации на Фејсбук. За да ја избегнете непотребната нервоза и гневните статуси со кои барате да ве остават на мира, следете ги следните три едноставни чекори со кои ќе ги блокирате овие барања.Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук1. На почетната страна, на левата страна во долниот дел притиснете на Apps and Games и ќе ви се отворат сите барања. Ако не го забележувате Apps and Games, притиснете на More и тоа ќе се појави.rnrn2. Со курсорот поминете над барањето и во горниот десен агол ќе се појави мал знак X. Притиснете на него.rnrn3. Сега на располагање ќе ви излезат сите опции за блокирање. Можете да ги блокирате сите барања од конкретната игра, по што веќе нема да добивате никакви барања во врска со неа (на пример Block Bubble Saga). Сепак, пријателите кои ви испратиле барање за таа игра ќе можат да испратат барање за некоја друга игра или апликација.rnrnДоколку некој пријател постојано ве бомбардира со барања за разни игри, можете да ги блокирате сите барања од него, и тоа со притискање на Ignore all requests from Име. Тој веќе нема да може да ви испраќа барања, но други пријатели кои сè уште не сте ги блокирале ќе можат да ви праќаат барања за истите игри и апликации, доколку претходно не сте ја блокирале само играта или апликацијата.Како да ги блокирате барањата за игри и апликации на Фејсбук
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.