Повеќето од нас се нашле во чудна ситуација каде што сме се обидувале да комуницираме на некој странски јазик. Понекогаш е смешно. Понекогаш е засрамувачко. А, понекогаш може да биде катастрофално. Но, благодарение на новиот уред за преведување кој лесно се става во вашето уво, деновите кога се трудите да го совладате локалниот јазик се минато.rnrn
rnrnАпаратот се нарекува „The Pilot system“ и компанијата која стои зад неговиот дизајн – Waverly Labs, вели дека е ова едно потенцијално неверојатно откритие. Ќе се појави на пазарот во септември и ќе му овозможи на носителот да разбере неколку странски јазици како директен превод, и тоа од француски, шпански, италијански и англиски.rnrn
rnrn
rnrnЌе се продава по цена од 129 американски долари, а ќе доаѓа и со апликација која ќе ви понуди различна селекција на преостанатите јазици.rnrn
rnrnУредот се состои од две делчиња кои се носат во увото и бил инспириран од апаратот „Babelfish“ од познатиот филм „Автостоперски водич низ галаксијата“. Креаторот вели дека се сетил на идејата кога запознал една девојка од Франција и со која не можел да се разбере.rnrn
rnrnПогледнете како функционира тој…rnrn
Иднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазици
